ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хулиганите со рецепт за како да се упропасти еден сосема легитимен протест

September 5, 2023 11:43
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Јане Ѓорѓиоски

Јане Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Не знам дал повеќе чувствувам гнев или страв од она што се случувало во Онкологија. Со имиња и презимиња да се извадат инволвираните!

Срам чувствуваат сите здравствени лица во Македонија и за тоа многу ми е жал, зашто од поединци или организирани криминални групи им се валка цела фела, а се загрозува довербата со пациентите. И тоа е многу опасно и тешко ни паѓа и нам и на медицинскиот персонал. А ние други доктори немаме, тоа се тие истите доктори, истите медицински лица.

Пред 12 години, само што замина во пензија, ми почина татко ми, од карцином. Се лечеше на Клиниката за онкологија.

Какви ми се искуствата?

Моите се испомешани, верувам како и на многумина. Од вчудоневидувачко позитивни до запрепастувачко негативни. Од професор доктор специјалист што прв пат го гледам во живот без никаква најава и ургенција, доаѓа после работно време на негово инсистирање да ја види снимката и да даде дијагноза, до медицинско лице што прв пат ме гледа а ми дава да однесам во лабораторија, или каде веќе беше, ампули со крв ли беа, со терапија за болни ли беа, и дури се налути кога одбив. Едноставно, воедно и зачудувачки и запрепастувачки, какво што ни е здравството, каква што ни е државава.

И, протест.

И покрај тоа што реагираше (не знам дали е навреме, никогаш нема да е навреме) и МВР и Обвинителството на наводите од колегите новинари за скандалот и грозотијата што се случувала во Онкологија, некако природно дојде протестот на кој граѓаните сосема легитимно сакаа да го искажат револтот.

Исто така, „некако природно“, дојдоа хулиганите од политичките партии, со нивните гадни, вулгарни скандирања и безочни пароли да го киднапираат протестот и да го упропастат.

Ни се покакаа на револтот и болката.

Другарка ми Дијана, тоа во две реченици убаво го кажа:

„Да ти е срам да излезеш на протести вечерва, да ти е срам да не излезеш. Да ти е срам од животот тука!“

Димче Апасиев и хулиганите од ултра националистичката десница наречена Левица и Пандов со пулените од ВМРО-ДПМНЕ, по којзнае којпат покажаа дека нив правда не ги интересира. Нив, драги мои, ги интересира само гола власт и како да се доберат до неа. Ќе газат и по „живи и мртви“ ако треба, ќе пцујат, ќе колнат, ќе хушкаат, ќе бесат, како што велат. Тие шлепачи на туѓата болка и нивните поддржувачи, со најмизерни пароли и скандирања од кои се срами секој пристоен човек, вчера се обидоа да го пренасочат револтот и болката, во анархија, во крваво сценарио од кое би ќареле политички поени. И не е тоа случајно, туку добро планирано и намерно обмислено да се искористи гужвата и злоупотреби револтот и легитимниот протест.

Секогаш на вакви и слични протести имало уфрлени провокатори, тоа добро го знаат сите што чекоревме во Шарената. Тогаш ги „ловевме“ и ги отстранувавме. Но овде станува збор за нешто сосема друго. Овде толку беше киднапиран вчерашниот протест од партиските хушкачи што испадна дека мнозинството – нормалните граѓани се уфрлените.

Прво што ми доаѓа е да речам – Како не им е срам од солзите на онаа мајка што ја искажа голготата низ кои поминале таа и нејзините најблиски, како не им е срам од сите што најискрено и најспонтано присуствуваа на вчерашниот протест?!

Но, драги мои, тие гадови, вчера, небаре платени од криминалната група или поедници што ги правеле злосторствата во Онкологија, го применија совршениот рецепт за тоа како да се упропасти еден сосема легитимен протест.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: АпасиевВМРО-ДПМНЕзлоупотребаЈане ЃорѓиоскиКлиника за онкологијаЛевицапротест
Next Post

(ВИДЕО) Ковачевски од Талин: Дигитализацијата е наша силна алатка за забрзување на европскиот пат

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

November 1, 2025

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk