ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Еуроњуз“: Северна Македонија и Грција заеднички ќе го спасуваат фрескоживописот на црквата во Курбиново

September 8, 2023 15:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Фејсбук на Европскиот центар за византиски споменици

Фото: Фејсбук на Европскиот центар за византиски споменици

Share on FacebookShare on Twitter

Владите на Северна Македонија и Грција во соработка со Европскиот центар за византиски споменици од Солун се договорија да обезбедат зачувување на фрескоживописот во црквата „Свети Ѓорѓи’ во селото Курбиново, кој е редок пример на византиската уметност во балканскиот регион, објави денеска „Еуроњуз“.

– Високо во планините над Преспанското Езеро што ја поврзува Северна Македонија со Грција и Албанија се наоѓа црквата „Свети Ѓорѓи“ од 12 век. Фрескоживописот пронајден во неа нуди интересни и ретки примери на византиската уметност во балканскиот регион и претставува важен дел од европското културно наследство, се наведува во прилогот.

Оливера Макриевска од Заводот и музеј – Битола за „Еуроњуз“ вели дека првите знаци од предренесансниот период на фреските може да се видат во изразот на лицата на светците и во нивните одежди.

Во извештајот се посочува дека главен предизвик со кој се соочуваат реставраторските тимови од двете земји е зачувување на овие ремек-дела стари 10 века.

Според Бабис Апостолидис од Европскиот центар за византиски споменици, бојата што се користела при изработката на фреските била главно направена од минерали од камења, од зеленчукови растенија или дури и од животинско потекло.

– Бојата е направена од прав, многу фин прав и тие го мешале тој прав со вар во вода… Сликарот потоа ја нанесувал бојата на свеж малтер пред малтерот да се исуши, објаснува Апостолидис.

„Еуроњуз“ наведува дека овој заеднички проект за зачувување на богатото културно наследство во регионот на Преспанското Езеро претставува конкретен резултат од Преспанскиот договор, што Скопје и Атина го потпишаа во 2017 година за надминување на спорот за името, што резултираше и со интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерството за култура на почетокот на јуни информираше дека македонски и грчки конзерватори ги презентирале досегашните резултати од соработката меѓу битолскиот Завод и музеј и Европскиот центар за византиски споменици за реализација на проектот за „Конзервација на ѕидното сликарство на црквата Св. Ѓорѓи во село Курбиново“.

На презентација, меѓу останатите, присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду, генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис, директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, директорката на Европскиот центар од Солун, Флора Карајани, како и тимот конзерватори.

Проектот започнат пред две години се реализира врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка. Во соопштението беше посочено дека во оваа фаза од конзервацијата, стручните лица користеле современи технологии и техники на истражување, ласерско скенирање на објектот, инфрацрвена камера, мултиспектрална камера и други техники за да се утврди како работеле и ја граделе црквата „Св. Ѓорѓи“ некогашните зографи.

Според најавите од Заводот и музеј – Битола, активностите во црква е планирано да завршат до крајот на годинава, кога ќе се добие „завршен и комплетиран споменик од конзерваторски аспект во однос на архитектура и ѕидно сликарство“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрцијаКурбиновоМакедонијафрескоживопис

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk