ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Роденден на Фронтлајн: 4 години на Првата линија

September 21, 2023 22:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

4

Фронтлајн почна со работа на денешен ден, пред точно четири години, на 21 септември 2019 година, познат и како Меѓународен ден на мирот. Тоа е интернет портал за кој од првиот ден стана очигледно дека е Првата линија на одбрана од дезинформациите и пропагандата.

1.460

Прволинијашите работат веќе 1.460 денови и ноќи, секогаш тука да ги објават најновите вести, да ги разобличат лагите и пропагандата, да го осудат говорот на омразата и национализмот, и да градат слободен простор за прогресивната мисла и за прецизни, длабоки и реални анализи на состојбите, настаните и процесите.

84.000

Во сите овие денови и ноќи, на Првата линија беа објавени речиси 84.000 содржини во повеќе од 20 различни рубрики од кои дел се ретко каде видени во другите македонски медиуми.

2.343

Авторките и Авторите напишаа 2.343 колумни во рубрика која не можеше да носи поинаков назив освен ФРОНТ. Секој од тие текстови предизвика реакции и даваше придонес кон позитивни промени во јавното мислење, кон носењето добри и прогресивни одлуки во земјата.

676

На Првата линија во моментов може да се прочитаат 676 анализи за сите суштински теми што се однесуваат на нашата земја, на регионот и на светот.

237

Како ретко каде, овој интернет портал има простор за сатира, толку несфатена, а толку потребна во нашето општество. Кога ќе влезете во прекрасната градба на Првата линија, ќе наидете на АХА! со досега објавени 237 сатирични текстови.

3.773

Тимот на Првата линија беше меѓу првите и, за жал, исклучително ретки, новинарски тимови во земјава кои објавуваат вести, изјави, интервјуа, ставови и анализи за трагичните факти за бруталната руска агресија против Украина. Во моментов, објавени се 3.773 содржини за оваа трагична и крвава војна на европско тло, на помалку од 1.000 километри од Скопје.

1.117

Со досега објавени 1.117 текстови во кои се разобличуваат дезинформациите, Фронтлајн дава постојан придонес кон борбата со ова современо зло.

7.608

Заедно со своите читателки и читатели, Прволинијашите ја издржаа и пандемијата, без ниту еден слободен ден и без затворање на редакциските простории. Со 7.608 содржини поврзани со сите важни аспекти на пандемијата, Фронтлајн даде значаен придонес и – со точни и навремени информации – помогна да се пребродат предизвиците и тешките денови полни со неизвесност и страв, предизвикани од дезинформациите и од пропаганда што ја ширеа политичари, алчни за политички поени и егзибиционисти, алчни за внимание.

35.000

Четири години, или нешто повеќе од 35.000 часови, Фронтлајн е постојано присутен, секогаш со своите читателки и читатели. Ова е наш, заеднички простор, во кој се бориме за јавниот интерес, за фактите и вистината, за слободата на мислата, за Човекот.

Редакција Фронтлајн им благодари на илјадниците читателки и читатели кои секојдневно ја изразуваат својата доверба и поддршка. Сите заедно, ние сме Првата линија!

Секогаш ваши,

Редакција Фронтлајн

ЗА НАС

Tags: Прва линијаредакцијароденден
Next Post

Шилегов: По две години граѓаните видоа огромна разлика на полошо, Скопје го пропушти чекорот за развој

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk