ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Еднодневна „мала војна“ во Косово: Густ сообраќај од дезинформации и пропаганда

September 25, 2023 11:48
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Извештаите, толкувањата и коментарите околу „малата војна“ во Бањска, Звечани, на експлозивниот север во Косово на 24 септември, се движат со брзина на светлината меѓу фактите и фантастичното. Без оглед на тоа какви заклучоци ќе извлечат политичарите и „публиката во арената“ – овој безбедносен инцидент е силен удар врз кревката балканска стабилност, дури и да остане само еден изолиран случај. За жал, ништо не упатува на тоа дека ќе остане само на тоа.

Како и секогаш во вакви околности, прашањата се бројни, а само мал дел, а често ниту едно од нив не можат да бидат одговорени целосно и со сигурност.

Дали се работи за „одмазда“ на ексдиректорот на српската БИА, Александар Вулин, кој неодамна се најде на црната листа на САД? Со знаење, одобрување и поткрепа на Белград (и Москва)?

Тоа секако може да води и до прашањата дали за овој напад на косовските полициски сили е директно одговорен Белград, кој само во 2023 година ќе потроши 1,4 милијарди евра на одбраната и со тоа останува регионална воена суперсила.

Во густиот „сообраќај“ од изјави и анализи за најновиот и досега најголем безбедносен инцидент во Косово може да се очекуваат оценки дека се работи за директен хибриден напад, диригиран од Кремљ, преку српските служби и вооружени парамилитарци (или терористи, како сакате), а со цел да се одвлече европското внимание од Украина.

Некои медиуми во Косово веќе објавија дека се работи за напад од силите на сега полурастурената платеничка формација „Вагнер“.

Ќе прочитаме и оценки дека се работи за рано, односно успешно откривање на операција за безбедносна дестабилизација на Косово и на регионот.

Во сите варијанти и подваријанти на анализите, но и дезинформациите, јасно е дека овој настан е само првиот поголем безбедносен предизвик. И тоа, не само во Косово, туку и во регионот на Западен Балкан, кој останува експлозивно безбедносно и политичко жариште на тлото на Европа.

Дали политичарите ќе решат да го инструментализираат овој настан за свои и/или „повисоки“ (попрофитабилни) цели, а медиумите и нивната публика ќе реши да ги бара фактите или ќе ѝ подлегне на пропагандата, се прашања кои не е ни така тешко да се одговорат.

Во вакви мигови, најважно е да се размислува и дејствува со ладна глава. Како и повеќето, ако не и сите, прашања на Балканот, овие настани предизвикуваат поларизација и многу емоции, а доминира стравот, несигурноста и – гневот. Голите факти никогаш не се доволни за да се објасни контекстот на настаните, нивните причини и последици. Насилствата за кои говориме веднаш предизвикаа лавини од меѓусебни обвинувања, дискредитации и говор на омраза во македонскиот медиумски и интернет простор. Старите митови и дезинформации добија ново руво, а навивачкиот тон се засили.

Што е потребно да се стори во ваква ситуација? Што е неопходно да се запомни, среде извонредно густиот „сообраќај“ на дезинформации и пропаганда, далеку поинтензивен од гласовите на разумот и професионалното известување.

Треба секој да се обиде да го сочува разумот и да му даде предност пред емоциите. Мора да се сфати тежината на зборовите и одговорноста за креирање и ширење невистини и дезинформации.

Факт е дека мирот во Косово е предуслов за мир во целиот регион. Затоа секој што се впушта во каква и да е активност во јавниот простор, па нека е тоа и обичен коментар или реакција на социјалните мрежи, може да придонесе кон влошување или подобрување на ситуацијата. За одговорните во институциите, политиката, медиумите и граѓанското општество и да не говориме.

Дезинформациите не се добредојдени. Дијалогот и вкрстувањето на аргументите, презентирањето на разумните ставови и сознанија, па нека се и различни, може да придонесе кон разјаснување и смирување на ситуацијата. Интерес на граѓанките и граѓаните од сите заедници е да се сочува мирот и проблемите да се решаваат низ дијалог, макар и остар, а не со оружје. Вака напишано, изгледа многу полесно отколку што е. Но што е лесно во денешно време, кога на помалку од 1.000 километри воздушна линија Украина води крвава војна за ослободување од руската агресорска чизма?

Балканот не смее да си дозволи да стане второ европско жариште, како што тоа го сакаат некои балкански политичари, а секако и Кремљ.

Нашата земја има и кредибилитет, и позиција – да биде креатор на мирот и да нуди решенија за мирно и ненасилно надминување на конфликтите, пишува во соопштението на ЦИВИЛ, неколку часа по почетокот на оружените престрелки во Косово. Но тоа ќе биде можно само ако институциите и политичарите добијат поддршка од пошироката јавност.

Затоа, освен политичарите, одговорност имаат и медиумите и граѓанското општество. Тие имаат обврска да спречат понатамошна поларизација. Се разбира, тоа може да се постигне само со вистинито и точно информирање на јавноста, фактите да се проверуваат со релевантни извори и да се избегнува сензационализам во известувањето.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: БалканбезбедностВагнерЗвечаниКосовомиртероризам
Next Post
Емилија Целакоска

Кога „Начините“ на вмро ќе стивнат, ќе пркне Македонија

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk