ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Курти: Вучиќ рече дека Радојичиќ ќе биде „српски Адем Јашари“

September 27, 2023 09:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер, Албин Курти, вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сакал на 24 септември да го претвори манастирот во Бањска во северно Косово во „Кула на семејството Јашари“ за косовските Срби, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти вели дека, со акцијата во Бањска, каде што во неделата загина косовски полицаец и најмалку тројца напаѓачи врз полицијата, Вучиќ сакал да создаде симбол налик на оној на еден од сновачите на Ослободителната војска на Косово, Адем Јашари, кој заедно со над 50 членови на неговото семејство беше убиен во напад на српските сили во 1998 година, со кој се зачна војната во Косово, која резултира  со напади на НАТО против Србија и подоцна прогласување независна косовска држава.

Според косовскиот премиер, српскиот претседател, на една од последните средби во Брисел, во мај годинава, изјавил дека потпретседателот на партијата на косовските Срби, Српска листа, Милан Радојичиќ, за кого се вели дека бил еден од организаторите на нападот врз косовската полиција во Бањска, ќе биде „српски Адем Јашари“.

– Вучиќ е опседнат со врховниот командант на ОВК Адем Јашари. Сакаше на 24 септември православниот манастир Бањска да го претвори во „Јашарајска кула“ за Србите на Косово! На средбата на 2 мај во Брисел ни рече дека Милан Радојичиќ ќе стане српски Адем Јашари. Но, како диктатор, тој не ја разбира историјата: еповите и ослободувањето не се фабрикуваат и не се копираат, напиша Курти.

Според него, на Србите во Косово им е потребно ослободување од терористичките алатки на Србија.

– Косово е демократска држава и прозападна земја: кој се интегрира живее подобро. На Србите во Косово не им треба ослободување од Република Косово, туку од терористичките алатки на Србија, напиша Курти.

Tags: Вучиќ РадојичиќЈашариКурти
Next Post

Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk