ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Стоилковиќ со говор на омраза: Шиптарскиот окупаторски режим во Косово уби Срби кои си ја бранеа земјата

September 29, 2023 13:04
in PMD, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС

Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија (коалициски партнер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ), и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, во контекст на вооружениот инцидент во Косово на 24 септември, објави фотографија на својот Фејсбук-профил со графит кој гласи „Знам јас што ве убива, Косово е Србија“.

Во прилог на фотографијата, Стоиљковиќ напиша: „Слава на Србите од Косово и Метохија кои ги дадоа своите животи во одбрана на своите домови и родната земја од зголеменото угнетување и тиранија од страна на властите на шиптарскиот окупаторски режим. Почивај во мир и ти, албански полицаецу“. 

ФБ објава на Стоиљковиќ, 25 септември 2023

„Угнетувањето на Србите продолжува, насилството ескалира, т.н. меѓународна глуми лудост и е соучесник во нечесните постапки предизвикани од тероризирањето на Србите од страна на Курти. Вечна слава, слава на српскиот народ кој и покрај невидениот терор преживува во српската колевка и не ги остава своите вековни огништа пред дивите ѕверови на Курти и на меѓународните ѕверови. Се чини дека т.н. меѓународна заедница намерно ги заборава минатите пукања врз Србите на Косово и Метохија или се преправа дека е лажна, па дури ни политички не ја санкционира злоупотребата на нашиот народ во Косово и во Босна и Херцеговина. Нека им бидат доволни неодамнешните настани како предупредување дека секој истрел кон КиМ е истрел за мир и не успеаја да ги осудат многуте досегашни престрелки или барем да покажат дека се згрозени. Но, јасно е дека нивната цел е да ги протераат Србите и дека нивната главна приказна е мир без Србите. Притоа забораваат дека ниту една окупација не трае вечно, па нема ниту оваа“, напиша Стоилковиќ.

(ЛИНК до архивираната содржина на објавата од Стоилковиќ.)

Во мај оваа година, Стоиљковиќ учествувал на Безбедносен форум во Русија, каде што учествуваа високи државни и воени претставници на руската федерација и нејзини сојузнички, а Путин имаше видео-обраќање.

Путин имаше видео-обраќање на Московската меѓународна конференција за безбедност, август 2023 (фото извор: Спутник)

Од објавените фотографии од овој настан, може да се забележи дека годинава пратеникот од коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ е на „семејната фотографија“ на која може да се забележат и директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, кој од неодамна е на американската црна листа, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој е на црната листа од јануари, 2022 година.

Семејна фотографија на која се наоѓаат и Стоиљковиќ, Вулин и Додик, на Московската меѓународна конференција за безбедност, август, 2023

Партијата на Стоиљковиќ, како и ВМРО-ДПМНЕ која е водечка партија на коалицијата во која тој се наоѓа, не се оградија од неговиот говор на омраза.

ЦМТ / Цивил Медиа


ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани кои не се согласуваат со јавна комуникација во која има дезинформации, говор на омраза и поттикнување на насилство, да ги пријават во ЦИВИЛ, со што ќе придонесат кон спротивставувањето и справувањето со овие појави.
ЛИНК до формулар за ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА
Tags: ВМРО-ДПМНЕговор на омразадезинформацииКосоворуска пропагандаСрбијаСтоиљковиќ
Next Post

Ковачевски: Растат инвестициите во обновливи извори - новата 55 MW фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци“ најголема на Балканот е чекор напред кон енергетската независност

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk