ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Мицковски, бранителот на Европа

October 2, 2023 12:58
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицковски секогаш страдал од недостаток на дефинирани и јасни ставови. Единствена препознатлива карактеристика во неговата „политика“ е неговото бескрајно и постојано повторувано НЕ. Неговата појава во македонската политичка историја ќе биде опишана како деструктивно, невротично инсистирање да дојде на власт по секоја цена, а во меѓувреме (се разбира) лично да се збогати.

Тој постојано ја „чести“ јавноста со своите бисери и делува како да не знае што зборува. Сериозноста (во обид) со која настапува, во комбинација со тоа што го кажува (еднаш едно, другпат друго, често спротивно) го прави прилично комичен. Неговата политичка кариера се карактеризира со интензивни и чести политички лупинзи.

Најновиот пример за неговата збунетост и конфузија, е неговиот став, искажан од партиската говорница пред „ветераните“ на партијата на 1 октомври. Тој „жали“ по Европа, која „е доведена во заблуда од страна на криминални политичари во Македонија и на Балканот“. Тој се досетил дека Европа, „исполнувајќи ги бугарските интереси“ да ти била „заложник на руската политика на Балканот“. И тоа го кажа човеков. А сè што прави ѝ оди од рака на руската агресивна политика. Тоа е.

Значи, не е тој блокатор на евроатлантските процеси (добро се сеќаваме на блокирањето на Преспанскиот процес кој доведе до наше членство во НАТО). Тоа да ти била самата Европа која паднала во заложништво на руските интереси на Балканот. Невидената поддршка за македонскиот јазик и идентитет од членките на ЕУ, придружен со условот да се внесат Бугарите во Уставот, заедно со уште пет други заедници, не е македонски дипломатски триумф, туку Мицковски е бранителот, не само на нашата земја, туку и на цела Европа. Фантастично! Како тоа 500-милионската ЕУ и сите останати во Европа не го видоа досега?

Комедијата продолжува со тврдењето на Мицковски дека „ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш во историјата биле и се стремеле и имале прозападна ориентација. Немало дилема, од самото формирање до ден денешен“. И оваа изјава може да послужи како граѓа за урнебесно смешна сатира. И ништо повеќе. Сериозно, овде зборуваме за партија која во изминатите децении континуирано се „прославува“ со радикална антизападна реторика и пракса.

Испаѓа дека Мицковски ја брани Европа од себеси, а ВМРО е повеќе прозападна отколку самата Европа, која е, според него, заложник на Русија. На ова ни најдобрите сатиричари што ги познавам или сум ги читал не би можеле да се сетат.

Сепак, ако се сетиме на периодот непосредно пред почетокот на целосната руска агресија против Украина, мајсторите на спинот, дезинформациите и пропагандата во Кремљ се обидоа да протурат сличен наратив преку Спутник и Раша Тудеј. Им пропадна тој пропаганден наратив, прилично неславно.

Сам по себе, Мицковски не би бил вреден за анализирање, но штетата што ја предизвикува од позиција на шеф на партијата, со својата појава и со деструктивноста и мракот со кои се служи за да ги скрие своите недостатоци, сепак, наметнува потреба ваквите наративи да се разобличат.

Со што се одликува протагонистот на оваа кратка сторија?

Тој е вообичаено конфузен и крајно недоследен, мислата му е несредена, појавата му е непријатна. На еден таков лик, најлесно му е на сè да каже НЕ и да ги блокира сите клучни процеси како што се евроатлантските интеграции, демократизацијата и јакнењето на мултикултурниот карактер на земјата. Горе-долу како Груевски, само многу полошо.

Тој е националист, антизападно ориентиран, крајно конзервативен лик во политиката, со тоа што мора секогаш да се има на ум дека е – непостојан и конфузен – така што, може да се случи да зазвучи и поинаку. Нема проблеми со реалноста, бидејќи ретко кога (може да се каже и никогаш) нема контакт со неа. Со други зборови, колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски – и обратно.

Со такви премиси, (релативно) лесно е да се води „политика“. Како во примерот погоре – да ја брани „кутрата“ Европа од Русија и од „криминалните политичари“. За среќа, наспроти Политички инфантилизам, неспособност и опседнатост, предводени од вечно намуртениот Мицкоски, кој со ништо не се согласува, не значи дека земјата нема капацитет за консензус. Само се потребни повеќе храброст и бескомпромисност.

ПС. Ово нема у Београду.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: европаМицкоскиЏабир Дерала

НАЈНОВО

(ЕКСКЛУЗИВНО) Кина – тивкиот партнер во војната на Путин

June 1, 2025

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk