ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Додека во Македонија се зборува за „бугарски диктат“, Украина ќе ги почне преговорите со ЕУ

October 5, 2023 10:00
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУПЧО ПОПОВСКИ

Дали Македонија ја чека уште една депресивна фаза по многуте што ги имаше досега?

Според овдешните објави, ветувања и заколнувања Собранието нема да ги усвои уставните измени неопходни за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ. Додека противниците на „бугарскиот диктат“ во преговарачката рамка ќе го слават успехот ќе можат да наздрават со чаша најгорчлив чај во декември кога, според сите најави, Украина ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Украина, земјата која е во ужасна војна поради руската агресија, која не контролира една петина од нејзината територија и која е разјадувана од корупција. Но, така е, политиката најчество не оди заедно со праведноста.

Според бриселски „Политико“ Европската унија се подготвува да ги отвори преговорите со Украина за нејзиното идно пристапување во блокот со официјално соопштение кое се очекува во декември на последниот самит на лидериве за годинава. Тоа го потврдиле тројца дипломати запознаети со плановите.

Украина е во срцето на големиот нов притисок за проширување на ЕУ за да стане блок од дури 35 земји. Пред два дена во Киев пристигнаа министрите за надворешни работи на ЕУ на прв таков состанок надвор од некоја земја на Унијата не само да му искажат постојана и колку-што-треба поддршка на Киев во војната со Русија, туку и да им порачаат на Украинците дека нивното место е „ во Унијата“. Како што го направи тоа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во своето годишно обраќање пред Европскиот парламент.

Земјите на ЕУ му доделија статус на Киев како кандидат за членство во ЕУ во јуни, а Комисијата треба да издаде „извештај за напредокот“ за тоа колку добро Украина и другите земји аспиранти ги исполнуваат условите на блокот за пристапување во ноември.

Според политичкиот синопсис што се подготвува во Брисел, а кој на „Политико“ му го дојавиле неколку дипломати, откако ќе биде усвоен извештајот за напредокот, Европската комисијата ќе даде изјава што „ќе им отежне на земјите-членки да не кажат ајде да отвориме преговори“ со Украина. По сѐ изгледа дека политичкиот притисок околу тоа ќе биде преголем за да се спротивстават поединечните земји-членки. Потоа, Европскиот совет во декември ќе одлучи да ги отвори преговорите.

Доколку сето тоа оди според планот одлуката за почнувањето преговори ќе биде силен удар за земјите од Западен Балкан, особено за Македонија, која има кандидатски статус уште од 2005 година. Нема да биде неприродно ако со таквата одлука се зголеми за уште една скала повисоко евроскептицизмот во регионот и големо прашање е дали таквата одлука ќе биде мотивирачка за политичките партии во Македонија да ја скокнат пречката и да ги усвојат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот. Или тоа ќе предизвика сосема спротивна реакција.

Но, без оглед како сега изгледаат плановите за Украина, секоја одлука за отворање формални преговори за пристапување на Украина во ЕУ е политички и правно оптоварена. Уште пред да гио добие статусот на кандидат (заедно со Молдавија) од Украина законски се бара да исполни седум услови поставени од Комисијата, вклучувајќи ги судските реформи и спречувањето на корупцијата. До август, само два од седумте услови беа исполнети, соопшти тогаш украинската влада.

Дали затоа, како што вели еден од дипломатите за „Политико“ на самитот во декември, лидерите ќе дадат само политичка изјава со која ќе се објават преговорите дури и ако правната преговарачка рамка сè уште не биде финализирана. Правната одлука за прием на Украина може да се случи до почетокот на 2024 година.

Запрашан до каде стигнала Украина кон исполнувањето на седумте критериуми, официјален претставник на ЕУ рече дека напредокот е охрабрувачки и дека само една област, која се однесува на малцинствата, изгледала проблематична на краток рок. Тука Унгарија пчостојано има забелешки поради унгарското малцинство во Украина и правото да се образува на мајчин јазик. Будимпешта повеќе пати најавува дека ќе стави вето.

Во меѓувреме, Украина треба сериозно да одговори на тешките забелешки на САД да се бори против корупцијата, бидејќи без американската воена и друга помош Киев не ќе може да издржи во војната со Русија.

Вашингтон испрати неколку известувања до Киев во последните неколку недели што укажуваат дека одредени видови американска економска помош ќе бидат поврзани со напредокот на Украина во реформите на нејзините институции, изјавија повеќе американски претставници за Си-Ен-Ен. Овие реформи се тесно поврзани со барањето на администрацијата на Џо Бајден за дополнително финансирање од 24 милијарди долари за Украина, кое Конгресот сѐ уште не го одобрил. По грубата смена на спикерот Кевин Мекарти од страната на тврдокорните републиканци прашање е кога Конгресот, кој сега е во хаос, ќе одлучува за оваа помош.

Стејт департментот издаде формална дипломатска нота, позната како демарш, до Украина кон крајот на летото (за која се дозна дури деновиве) во која се вели дека САД очекуваат Украина да продолжи со различни напори за антикорупциска активност и финансиска транспарентност со цел да продолжи да добива директна буџетска поддршка.

Демаршот ја нагласи потребата Украина да спроведе критични реформи во рамките на програмата на Меѓународниот монетарен фонд на Украина, вклучително и оние поврзани со спречување на перење пари/спротивставување на финансирањето на тероризмот. Одделно, Белата куќа подготви список на реформи што Украина треба да ги спроведе за да продолжи да добива американска финансиска помош и да се движи кон интеграција во Европската унија.

Многу од предлозите – вклучително и зајакнување на Специјализираното обвинителство за антикорупција, зајакнување на независноста на надзорните одбори на украинските државни компании и реформа на уставниот суд – се исто така барања за членство во ЕУ и одредници за ММФ.

„Реформите во енергетскиот сектор, бастион на корупција и олигархиска контрола, се од суштинско значење за зацврстување на европската интеграција на Украина“, се вели во стратешкиот меморандум за Украина објавен на веб-страницата на Стејт департментот во август.

Зеленски сакаше да им покаже на САД, ЕУ и НАТО дека се бори против корупцијата и во времето на руската агресија. Неодамна направи голема чистка во Министерство за одбрана, го отпушти министерот за одбрана Олексиј Резников и речиси сите негови заменици. Претходно имаше голем број рации од висок профил на почетокот на оваа година против функционери осомничени за мито.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУСАДУкраина

НАЈНОВО

Приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена кога се случи пожарот во „Пулс“

June 12, 2025

Претставата „Рацин“ на велешкиот театар е забележителен, нов сценско – музички перформанс, МТФ „Војдан Чернодрински“ вечер ја завршува програмата

June 12, 2025

Мицкоски за коментарите за селективна правда за Кочани: Директно сум нападнат од овие некрофили, а јас молчам

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk