ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Аналитичари: Предвремени парламентарни избори ДА – по изгласување на уставните измени

October 18, 2023 15:32
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Би било добро ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски да бараат начин да се извлечат од третата стратегиска грешка во врска со евроатланските интеграции. Првата беше антикоманијата кога целиот демократски свет кој беше на страната на Македонија го сврте против, а во земјата потрошија милијарди градејќи фалшиви антички зданија во 21 век. Го бараа изводот од матичната книга на родени на Александар Македонски“ – вели во изјава за „Фронтлајн“, новинарот и политички аналитичар Ерол Ризаов, коментирајќи ја подготвеноста на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за двојни избори претседателски и парламентарни на 8 мај наредната година.

Ерол Ризаов
Ерол Ризаов

– Втората кардинална грешка беше спротивставување на членството во НАТО со бојкот на референдумот што сега во ек на светските војни се покажува како извонреден историски чин. Тогашните уставни измени ги изгласаа и осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед во кои околности се случи ова гласање тоа е единственото учество на ВМРО ДПМНЕ во процесот на членството во НАТО. Сè друго беше опструкција. И што направија пратениците кои овозможија членство во НАТО, ги прогласија за предавници. И сега последната катастрофа од погрешна политика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат Македонија да не ги продолжи преговорите со ЕУ што е веќе предавство на националните и државни интереси и уривање на стабилноста на Македонија од внатре. ВМРО ДПМНЕ ја носи државата во неизвесност ако не се изгласаат уставните измени, вели Ризаов.

Досега, додава тој, ниту една земја кандидат за членство во ЕУ не се блокирала сама и не го попречила тешкиот пат на реформи за редовно членство во ЕУ.

– Напротив сегде е постигнат партиски и граѓански, национален консензус да се припадне на западноевропското семејство. Затоа мислам дека треба да им се овозможи на политичките шарлатани да се извлечат од оваа будалаштина што ја прават, но не на начин како што предлагаат кршејќи ги законските одредби. Предвремени парламентарни избори ДА, но по изгласување на уставните измени. Додека пак претседателските по слово на законот. ВМРО-ДПМНЕ сега зборува тоа го прави за да се избегне наводно уставна криза ако нема доволна излезност или има бојкот. Тоа го зборуваат откако ја буткаат со години Македонија во безизлезна ситуација доведувајќи го во прашање опстанокот на државата и нејзините најголеми приоритети да биде не само географски туку и демократски, културен и економски дел на Европа кај што припаѓа, нагласува тој.

Според него, лажни се нивните пароли дека и тие се за Европа и членство во ЕУ.

– Ако се за тоа не треба да будат пречка за изгласување на уставните промени. Не се работи за бугарски диктат, туку за предавство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на државните интереси. Вината на власта ќе биде голема ако тоа не го спречи. Ги има во раце сите механизми кога се во прашање попречувањето на државните интереси, подвлекува Ризаов.

Дритон Зенку

Политичкиот аналитичар и новинар Дритон Зенку вели дека ако се следат изјавите на Мицкоски, излегува дека имаме работа со политичар кој нема доследност во своите политички позиции.

– Ако се распишат предвремени избори, тогаш се согласува со уставни измени. Ако ова е така, ги поддржува уставните измени, тогаш треба да се повлече од политиката. Случувањата во ВМРО-ДПМНЕ очигледно како да влијаат на неговите ставови. Во моментов на Мицковски не му одговараат предвремени избори поради поделби внатре во партијата. Мицковски како да чека да се случат уставните измени со поддршка на некои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, па да го покаже прстот на предавството кон Никола Груевски за поделба на пратеничката група со кого ја делат половина од поддршката во партијата, изјави Зенку за „Фронтлајн“.

Џелал Хоџиќ
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ, претседател на Странката на Демократска акција на Македонија (СДА) – констатира дека, како што вели, нашата опозиција, предводена од ВМРО ДПМНЕ, има идеја дека треба да ги стопира европските интеграции и остварувањето на стратешката цел на државата – членство во ЕУ, со верување дека таквата политика ќе ги донесе на власт на следните избори, кога и тие да се случат.

– Тргнувајќи од ова размислување, опозицијата се надева дека евентуалните предвремени парламентарни избори ќе донесат дополнителен ветар во грб на нивната идеја дека со блокирањето на стратешката цел на државата ќе доведе до пораз на проевропската коалиција. Одговорот на оваа неодговорна политика, која поради партиски рејтинг има за цел да сопре стратешка цел на државата, би требало да биде дополнителна кохезија, поголема координација и мобилизирање на проевропските сили во проевропскиот блок, со цел да не влеземе како држава во нова изолација и да изгубиме уште една деценија, како што тоа ни се случи после НАТО самитот во Букурешт во 2008 година. Секое одлагање на решавањето на предизвиците денес, ќе значи поскапа цена за нашето општество во иднина. А ние немаме алтернатива на патот кон ЕУ, вели Хоџиќ за „Фронтлајн“.

„Не на 5 мај – Велигден, туку на 8 мај во среда да има споени парламентарни и претседателски избори втор круг во редовен термин“ – ова сценарио го предлага лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој повика на консензус со власта.

– Потсетува дека последните парламентарни избори се одржаа сред седмица и затоа денот не треба да се спори, а во овој случај тоа е последниот термин да се гласа за претседател кој потоа би ја презел функцијата во рамки на законскиот рок- на 12 мај, потенцирал Мицкоски.

Од владејачката СДСМ смета дека двата изборни циклуса треба да бидат одвоени, но отворени се за разговор околу термините, додека Собранието, пак, сè уште нема информација кога би се одржала средба на работните групи кои би разговарале за изборните термини и останатите активности поврзани со изборите.

Дестан Јонузи

Tags: АналитичариВМРО-ДПМНЕизбориСДСМ
Next Post
(AP Photo/Petr David Josek)

Полска продиша, Европа може да здивне: Се враќа ли демократијата во срцето на Европа?

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk