ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

ЛАЖНО Е!

October 23, 2023 08:44
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: САЊА ЛУКАРЕВСКА

ЛАЖНО Е!
А секое лажно завршува тажно. Тоа да се знае ВАЖНО Е.

Само една буква, а колку голема разлика. Нема ден, во последниве месеци, а да не помислам на 2006-та година. Толку многу случувања и однесувања ме потсетуваат на таа година. И затоа не е тешко да се утврди зошто е лажно. И не само еднаш.

Прв пат. Неспорно е дека Владата предводена од СДСМ,од 2002 до 2006 г., направи и т.н. непопуларни потези. Мораше. Ја извлекуваше и ја лекуваше Република Македонија од последиците од конфликтната 2001-ва, повторно ги отвораше, во меѓувреме, затворените врати кон светот, носеше болни компромиси дома… Чесно и макотрпно го одработи добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ. Република Македонија беше многу понапред во тој процес од земји кои во меѓувреме станаа членки на ЕУ.
Но, беше „спакувана во ПР сендвич“. Скапо платен, а евтин по содржина сендвич. Не помина многу време додека да се открие дека само залак, два се за „јадење“. Остатокот беше завиткан во проѕирна фолија. Е, кога дојде да се јаде фолијата….. И така, скоро една деценија. Ниту фолијата смееше да се вади, ниту сендвичот можеше да се јаде. А нė убедуваа дека јадеме и дека сме најадени. И дека на ред за јадење е чоколадото. Слушнавме и кој и како ја молзе државата, како онаа кравичка на „Милка“, до таму што веќе „нема ни за леб“.

Втор пат. Во таква состојба беше државата кога СДСМ се врати. И водена од принципот – да има правда, но не преку одмазда, се заборави на „тефтерите“ и на фактот дека валканата игра допрва почнува. „Играчите“ очигледно имаа мноооооогу пари. И за бегство, и за медиуми (дури и странски), и за поткуп….. И очигледно уште ги имаат. Затоа ВАЖЕН Е оној дел од предлогот на новиот КЗ за широка и сеопфатна конфискација. Ете затоа.

Пред извесно време прочитав дека во Црна Гора имало натпревар за лежење и дека оваа година е соборен светскиот рекорд. Оној кој најдолго лежи е победник и добива награда од 1000 евра. Па кој тоа лежи за 1000 евра?! Само Лидија од Никшиќ. Кај нас, на пример, се лежи , но за неколку нули повеќе. Значи, не е до лежењето. До парите кои чекаат ќе да е. Е тоа ВАЖНО Е. Да има кој да чека. Тогаш живот „се лакше одробија“. (И зборовите лежење и лажење ги разликува една буква.)

Благодарение на малите екрани и видовме дека лежењето не ја постигнува целта особено по погледот на „лежачот“ кој порачува – „само да се вратам“.

И кога сме кај повратниците, лично не сум убедена дека бегалецот има причина и желба да се врати на местото на злосторството. Па, тој кога не се врати за свадбата „која долго ќе се памети“…

А кога сме кај свадбите, секогаш ми биле интересни прашањата на матичарот, а особено одговорите на младенците:

Дали доброволно стапувате во брак? -Да.

Дали доволно се познавате? -Да.

Дали сте роднини? -Да…….Не,не,не

А толку внимаваат на ова прашање. Но, ете. Возбудата си го прави своето. Особено ако „ти си ми у крви“.

Трет пат ? Ќе нема ни пат.

П.С. Ако сте слушнале за Марфи и за „неговиот Закон“ веројатно на него се потсетувате и кога, како непишано правило, како и да ги ставите гаќите во машината за алишта тие излегуваат наопаку. Исто како и некои луѓе. Тие така и зборуваат. Затоа, важно е да се има на ум дека лажно е. Не е само до една буква и не е прв пат. Не.


Текстот е личен став на Авторката. Објавенo на официјалниот сајт на СДСМ
Tags: ВМРО-ДПМНЕкампањаСања ЛукаревскаСДСМ
Next Post

(ВИДЕО) Митровска во „Што го врти светот“: Го скршивме Гинисовиот рекорд во најдолга бизнис презентација кој го држеше британскиот магнат Бренсон

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk