ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Забрчанец: Отворен Балкан е жив, работи и носи резултати – продолжуваме со оваа регионална мисија

October 23, 2023 10:19
in PMD, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Идентификацискиот број за работниците од Србија е веќе тестиран и сѐ е подготвено, изгледа само чекаме ’официјален амин’, изјави соговорник од Стопанската комора на Србија. Додека пак, координаторот на Отворен Балкан, Марјан Забрчанец за Институтот за комуникациски студии изјави дека „се чека само едно притискање на копче за да се активира како мерка“.

Саемот на вино „Wine vision by Open Balkan“ кој по минатогодишниот успех во Белград стана заштитен знак на Отворен Балкан, веќе е закажан и за годинава од 16 до 19 ноември. Од Србија порачуваат дека подготовките за второто издание на настанот се во тек иако безбедносната ситуација во регионот може да ги загрози тие планови.

„Засега сѐ уште стои дека саемот ќе се одржи во ноември, а ние се подготвуваме за тоа“, нѝ рече сопственик на винарија кој и минатата година учествуваше на саемот. Повеќе производители на вино во Северна Македонија и Албанија веќе го потврдиле своето учество на овогодинешниот саем.

На прашањето колку излагачи ќе има годинава, од Белградскиот саем, каде што е планирано да се одржи манифестацијата и годинава, одговорија дека не можат да ни дадат точни податоци за бројот на пријавени учесници, но дека е извесно дека годинава ќе има излагачи дури од 26 држави (лани имаше од 22), како и дека се пријавени „поголем број вино производители од членките на Отворен Балкан во споредба со лани“.
Минатогодишното издание на „Wine vision by OB” успеа да собере и голем број изложувачи како и највисоките функционери на земјите од Западен Балкан и од поширокиот регион.

Што се однесува до останатите бенефити од иницијативата, Забрчанец објаснува: „Зелени ленти на границите на Ќафасан и на Табановце за транспортните возила. Од тоа имаат огромен бенефит компаниите кои увезуваат и извезуваат особено во делот на исхраната, но и сите вработени и сите семејства на тие вработени. Станува збор за брз проток на транспортни возила на границите. Има посебна лента за камионите на Отворен Балкан. Патарините ги усогласивме, со популарниот mTAG кој што го има во земјите од Отворен Балкан. Северна Македонија и Србија се поврзаа, а ќе следи понатаму и поврзување на Албанија бидејќи таму се уште нема доволен број патарини со mtAG . Toa е една придобивка за побрз проток на граѓаните, да нема застанување на патарините, рампите автоматски да се креваат. Имавме одлични заеднички иницијативи, и се уште течат соработките на тема туризам, таканаречените кружни тури од кои што, особено македонскиот туризам имаше бенефит. Ние имаме вртоглав раст во развојот на туризмот. И во областа на културата веќе има конкретни соработки меѓу уметници од Северна Македонија, Србија и од Албанија“.

 

Tags: Марјан ЗабрчанецОтворен Балкан
Next Post

Во кампањата на ОАЕ за поддршка на палестинскиот народ вклучени 10.100 волонтери

EVN

НАЈНОВО

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025
Скриншот

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025
фото: скриншот Х

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска првпат пред суд, му се заканува смртна казна

December 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Расел Кроу ги критикува авторите на „Гладијатор 2“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кардиолозите предупредуваат кои „грицки“ се најопасни за срцето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејт Винслет открива бизарно 18+ барање на Еминем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рубио воведува „типографски пресврт“: Times New Roman се враќа во Стејт департментот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед – Што велат експертите, а што вели таа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk