ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Фон дер Лајен обвинета за пристрасност кон Израел во конфликтот со Хамас

October 26, 2023 11:16
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се соочува со критики за нејзина наводна пристрасност во конфликтот меѓу Израел и Хамас, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според „Еурактив“, околу 850 претставници на ЕУ и на земјите членки минатата недела испратиле писмо до ЕК, во кое и забележуваат на Фон дер Лајен дека на вонредниот Самит на Унијата на 17 октомври и при нејзината посета на Израел на 13 октомври, „не потенцирала“ дека Израел мора да го почитува меѓународното хуманитарно право во својот одговор на нападот на Хамас, како и што направиле други лидери на блокот.

По ова уследи интерен меморандум на ЕК во кој се посочува дека ЕУ работи за безбедноста на цивилите „од сите вери и националности“, при што се додава дека Фон дер Лајен „сака да им се заблагодари на колегите кои ги споделиле своите ставови и чувства во врска со овие многу тешки и емотивни случувања“, без експлицитно да се наведе дека документот е реакција на писмото.

– Трагичните настани што се случуваат на Блискиот Исток се длабок извор на загриженост и тага за сите нас… Во исто време, жалиме за загубата на сите невини животи во овој конфликт – од сите вери и од сите националности… Од почетокот на оваа криза, ние работевме деноноќно за да ги олесниме страдањата на сите погодени од неселективните терористички напади, се додава во документот потпишан од Фон дер Лајен, со датум од 21 октомври.

Во меморандумот доставен до персоналот на ЕУ, Фон дер Лајен истакнува дека „Европа секогаш ќе биде на страната на човештвото и на човековите права“ и ќе работи заедно со меѓународната заедница за да обезбеди почитување на меѓународното хуманитарно право.

– ЕУ ги удвојува напорите да обезбеди итна хуманитарна помош за цивилите погодени од оваа војна… Целта е да се помогне да се донесе стабилност и траен мир во регионот, врз основа на решението за две држави, како што неодамна беше потврдено од Европскиот совет, се додава во интерниот документ.

Во меѓу време, францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција ќе испрати „најмалку авион и брод“ за да достават медицинска помош за болниците во Газа, отфрлајќи ги обвинувањата за „двојни стандарди“ во одговорот кон Израел и Палестинците.

– Хуманитарната помош мора без пречки да стигне до Газа. Ние ќе бидеме целосно вклучени, особено во обезбедувањето пристап до лекови и здравствена заштита за цивилите во Газа, изјави Макрон по дводневната посета на Блискиот Исток, за време на која се сретна со лидерите на Израел, Јордан, Египет на палестинските автономни власти.

Од друга страна, во холандскиот Парламент е покрената иницијатива од страна на две мали левичарски партии што ги застапуваат интересите на Холанѓаните со блискоисточно и африканско потекло за „повлекување на поддршката на Договорот за асоцијација на ЕУ со Израел“.

Во предлогот се бара холандскиот премиер Марк Руте за време на Самитот на ЕУ, што ќе се одржи денеска и утре во Брисел, да побара „суспензија на Договорот за асоцијација со Израел“. Според предлагачите на иницијативата, услов за продолжување на холандската поддршката за Договорот треба да биде итно прогласување на прекин на огнот во најновиот конфликт на Блискиот Исток.

Tags: ЕУизраелХамас
Next Post

ОН: Ниту едно место во Газа не е безбедно од израелските бомбардирања

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk