ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен на средба со Ковачевски во Владата

October 30, 2023 07:33
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен официјалната посета на државава денеска ја продолжува со средба во Владата со премиерот Димитар Ковачевски, каде ќе биде пречекана со највисоки државни почести.

Претседателот на Владата Ковачевски ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести. Веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација ќе бидат и Артан Груби, прв заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедницитa, Бојан Маричиќ, заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Благој Бочварски, министер за транспот и врски, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Азир Алиу, министер за информатичко општество.

По средбите Ковачевски и Фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција по која ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ.

Претседателката на Европската комисија вчера попладне допатува во Скопје, а на Меѓународниот аеродром беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по што имаше средба во вила Водно со претседателот Стево Пендаровски.

Според соопштението од претседателскиот Кабинет, Пендаровски и Фон дер Лајен разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот, и во таа насока биле разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите.

На средбата било разговарано за претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката и посветеноста од ЕУ на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан.

Пендаровски и Фон дер Лајен размениле мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава.

По средбата на платформата Икс Фон дер лајен напиша дека како што Северна Македонија напредува во реформите, така го трасира својот пат кон ЕУ.

– Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик, наведе Фон дер Лајен, изразувајќи задоволство што нејзината турнеја низ земјите од Западниот Балкан во следните три дена ја започнува токму од Скопје.

Претседателката на ЕК, како што изјави за МИА вицепремиерот Бојан Маричиќ на крајот на работната посета на Брисел, доаѓа во Скопје за да разговара за потребните и неопходните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добие земјава како помош од ЕУ и мотивација за реформите, како и за обврски што ни преостануваат, за да се комплетираме оваа фаза на пристапувањето и да се премине во втората, односно отворање на кластерот и со тоа да се најави и крајот на скринингот.

Фон дер Лајен од Скопје ја започнува четиридневната турнеја низ Западен Балкан. Од Скопје, таа ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево. Посетата, како што е најавено, Фон дер Лајен ќе ја искористи да разговара за билатералната соработка со регионалните лидери и за подетално да им го претстави Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Во Приштина таа ќе има средби со косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.

Според најавата од Европската комисија, западнобалканската турнеја Фон дер Лајен утре ќе ја продолжи со посета на Подгорица, каде ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и премиерот Дритан Абазовиќ.

Од Подгорица, Фон дер Лајен во текот на утрешниот ден заминува за Белград на средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Турнејата низ земјите од Западениот Балкан, претседателката на Еврокомисијата ќе ја заврши в среда со посета на Сараево, каде ќе има средби со Претседателството на БиХ и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто.

Западнобалканската турнеја на Фон дер Лајен доаѓа во пресрет на објавувањето на извештаите за напредокот на кандидатите за членство на патот кон ЕУ, најавено за 8 ноември. Последната земја од западнобалканската шесторка – Албанија, Фон дер Лајен ја посети пред две недели, кога престојуваше во Тирана во рамки на Самитот од Берлинскиот процес и оствари средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЕКЕУСкопјеУрсула фон дер Лајен

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Армија на САД

Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

June 21, 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk