Руските пропагандистите направија видео користејќи снимки од различни веб-страници. Руските Телеграм канали споделија видео кое се обидоа да го пренесат како мотивационо видео од украинските вооружени сили. Видеото се состои од различни клипови и е придружено со текст дека „вистинската жена треба да биде курва во креветот, домаќинка во кујната и … бранител на фронтот“.
На крајот од видеото, пропагандистите ја додадоа адресата на веб-страницата на украинските вооружени сили со повик да се приклучат во редовите на украинската армија.
Видеото е лажно. Вакво видео не може да се најде на официјалните веб-страници на украинските вооружени сили.
Клиповите што се користени за изработка на видеото може да се најдат на интернет. Иако нема слични резултати во обратното пребарување на слики на Google, тие беа пронајдени преку рускиот пребарувач Yandex. Еден фрагмент од „мотивациското видео“ беше поставен на YouTube пред три години.
И уште еден фрагмент е пронајден во виртуелната фото и видео библиотека Pexels, кој се појавил на страната на 23 април 2020 година.
За кратко време лажните видеа беа разобличени, а трудот на руските пропагандисти пана во вода.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа