fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ: Со Планот за раст се фокусираме на реформите за повеќе инвестиции и прогрес на земјата

November 8, 2023 17:27
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска во Владата му го врачи Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

На состанокот се дискутираше за Извештајот, планирањето на следните чекори за реализирање на стратешката цел за приклучување кон ЕУ, планот за раст и реформскиот план за Северна Македонија и Западен Балкан. Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на амбасадорот Гир и Европската Унија за будното следење и излегување во пресрет на нашите барања, по што следува детална анализа за извештајот од страна на Владата и заложување за продолжување на процесот и успешна реализација на заедничките планови. На средбата беше посветено посебно внимание на следните чекори за Планот за раст (на економиите) на Западниот Балкан со заклучок дека извештајот на Европската комисија за нашата земја е рефлексија на нашата секојдневна борба за унапредување на општеството, соопшти  Секретаријатот за европски прашања.

Маричиќ истакна дека Република Северна Македонија продолжува со црвста заложба за спроведување на реформските процеси поддржувајќи го Планот за Раст за Западен Балкан.

– Планот за раст е резултат на наше барање, со што можеме да користиме привилегии и можности од зачленувањето во ЕУ пред време, односно додека траат преговорите. ЕУ со конкретен план подготвува 6 милијарди евра за Западен Балкан, од кои 1 милијарда евра може да ги искористи Северна Македонија. Со Планот за раст се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар, што ќе значи силен економски напредок. Тоа значи дека нашите производи и услуги може да се пласираат на „Единствениот Европски пазар“, информираат од СЕП.

Целта на ЕУ е до март 2024 година да направи прв трансфер на средства кон Северна Македонија и другите земји во регионот на Западен Балкан.

– Владата и администрацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скрининг процесот. Ова не значи дека сме ја завршиле работата. Напротив, скрининг процесот ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата, кои треба да се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус. Во таа насока работиме на подготовка на патоказите за владеење на право, реформите во администрацијата и функционирањето на демократските институции. Маричиќ посочи дека нашата иднина ја гледаме во стратешката цел на Владата, да станеме полноправна членка на Европската Унија. Свесни за предизвиците кои претстојат, наша цел е обезбедување европска иднина на Северна Македонија а со тоа и стабилност, безбедност и просперитет на земјата и на регионот. Следејќи го Планот за раст можеме да се фокусираме на реформите со кои ќе обезбедиме повеќе инвестиции и поголем прогрес на земјата, се наведува во соопштението од СЕП.

На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, државната секретарка на СЕП Дрита Абдиу Халили и заменикот шеф на делегацијата на ЕУ Бен Нупнау.

Tags: МаричиќПлан за раст

НАЈНОВО

Кочишка: Пин и Таксират го прават Скопје европски град секој декември

December 1, 2023

Регулаторни киднапери

December 1, 2023

Петров: За Претседател на држава ќе се одлучи според досега сработеното и според анкетите

December 1, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Македонски медиуми снесле јајце со ликот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три дена не се собира сметот од контејнерите во Тетово-продолжува штрајкот на комуналните работници поради неисплатени плати и придонеси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Со новиот пакет на антикризни мерки, бизнисот ќе биде поддржан со над 492 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ризвановиќ за организацијата на Самитот на ОБСЕ во Скопје: Ова е како да платите милијарда долари за реклама и да ја пуштите во цел свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пак нè извеслаа: Тие, со антикризни 700 милиони евра за народот, а ние толку дадовме за стиропор во Скопје 2014

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk