fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Во албанскиот парламент повторно тензично; последниот збор за Заедниците е кај Уставниот суд; ЕК посочува слабости во менаџерската одговорност во Косово; Македонските Албанци мнозинство во затворите?

November 9, 2023 13:21
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Една недела по тензичните седници, албанскиот парламент денеска започна со заседавање, повторно со попречување на работата од страна на опозицијата. Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер  на прес конференција повтори дека нацрт предлогот за Заедницата  е составен да биде во согласност со уставната рамка на Косово и дека нема да има извршни овластувања.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Албанскиот парламент заседава една недела по тензиите и судирите во салата, пратениците од опозицијата пуштија чад  додека Никола ја почнува седницата

Парламентот на Албанија повторно заседава денеска . Седницата започна 10 часот, а додека претседателката на Собранието Линдита Никола ја започна пленарната седница со читање на предлог законите кои ќе бидат ставени на гласање, пратениците од опозицијата пуштија чад во салата за да ја оневозможат седницата, пренесува Балкан Веб.

Индекс онлајн: Денеска е „отстранета“ границата Косово-Албанија-Црна Гора, се приклучува Проклетије

Договорот што ќе биде потпишан денеска ќе ги обедини планинските венци Плав и Гусиње, Тропоја, Јуник и Дечан. Целта на меморандумот за соработка е Проклетија да се прогласи за национален и меѓународен парк, пренесе Индекс Онлајн.

КОСОВО

Репортери – Ховениер: Нацрт предлогот за Заедницата е целосно во согласност со Уставот, нема извршни овластувања

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џефри Ховениер, на прес-конференција зборуваше за нацрт предлогот за Заедницата на општините со српско мнозинство, претставен од Западната петорка на 21 октомври.

Ховениер повтори дека овој нацрт е составен за да биде во согласност со уставната рамка на Косово и дека нема да има извршни овластувања, пишува онлајн весникот Репортери.

Сепак, Ховениер рече дека Уставниот суд е тој што ќе го каже последниот збор за овој предлог-статут.

Сури нет: Курти дел од вечерата со шефовите на државите учесници на Форумот за мир во Париз

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа отпатува за Франција, за да учествува на мировниот форум организиран во француската престолнина Париз.

На покана на претседателот на оваа земја, Емануел Макрон, кој и ќе го отвори форумот, Курти во четврток вечер ќе биде дел од вечерата со шефовите на држави и влади кои учествуваат на овој Форум, пренесе Сури нет.

РТВ 21 – Извештајот на ЕК за Косово: Менаџерската одговорност останува предизвик

Ефективното спроведување на менаџерската одговорност останува предизвик за буџетските корисници и на централно и на локално ниво. Косово треба да обезбеди континуирано спроведување на меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и подобро да ги делегира овластувањата за управување на јавните субјекти.

Ова се наведува во извештајот на Европската комисија за Косово, каде, меѓу другото, се фокусира на внатрешната и надворешната ревизија, фалсификуваните пари, финансиската контрола, како и заштитата на финансиските интереси на ЕУ, пренесува РТВ 21.

КОЛУМНА

Шќипмедиа: Македонските Албанци се мнозинство и „привилегирани“ само во затворите!

Медиумите пишуваат дека со измената на Кривичниот законик од затвор ќе куртулат многу македонски главни крадци и нивните албански „помошници“, коментира авторот Ким Мехмети во однос на известувањата на медиумите дека со новиот Кривичен законик, од затвор ќе се спаси поранешниот премиер и актуелен бегалец, Никола Груевски.

„Од кај знаеш, бидејќи „Сашовци и Грујовци“ не знаат албански јазик, нема каде да ги сместиш во пренаселени со македонски Албанци затвори.

Во овие затвори каде што речиси и да нема Македонци и каде што „жителите“ зборуваат само албански, нема да имаат со кого да разговараат на својот македонски јазик!

Тогаш, дали навистина некој би бил толку наивен да се надева дека Албанците од македонските влади се таму за да ги спасат своите сонародници осудени на доживотен затвор преку монтирани судски процеси?!“, пишува Ким Мехмети во колумната „Македонските Албанци се мнозинство и „привилегирани“ само во затворите!“, објавена во Шќипмедиа.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Стоилковска го мина првото коло на фјучрсот во Египет

November 30, 2023

Ковачевски: Сите во ОБСЕ имаме потреба од мир, стабилност, доверба, историјата ќе не суди по нашите дела

November 30, 2023

Вакцинирани над 950 деца во рамки на кампањата на МЗ и СЗО, со поддршка на ЕУ

November 30, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Пак нè извеслаа: Тие, со антикризни 700 милиони евра за народот, а ние толку дадовме за стиропор во Скопје 2014

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Никој нема да биде оставен сам“, за мене е сосема доволна и важна порака

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им се придружуваат на Левица во фронтот против ЕУ и Албанците во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Косовските пасоши за Србите – прашање на интеграција или избор; Во Звечан уапсен српски државјанин баран од ИНТЕРПОЛ; Рама скептичен за почеток на преговори со ЕУ поради Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен: Британија е на пат кон повторно приклучување во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk