ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меџити: Со воведувањето на новите протоколи во примарна здравствена заштита до подобро следење и мониторирање на пациентите со дијабетес од страна на нивните матични лекари

November 14, 2023 12:07
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За истакнување е важноста на навремена дијагноза и соодветен третман на дијабетесот како болест,  што опфаќа широка група на граѓани во нашата држава, рече министерот за здравство Фатмир Меџити, на Светскиот ден на борбата против дијабетесот.

– Имавме година во која се соочивме со повеќе предизвици, но сепак морам да истакнам дека министерството за здравство и националната комисија за дијабет, во соработка и со здруженијата макотрпно работеа на успешно решавање на истите. Заедно допринесовме за подобрување како на општото здравје, така и на квалитетот на живот на пациентите со дијабет, додаде министерот.

Тој нагласи дека пациентите со дијабетес имаат достапност на најсовремена инсулинска терапија.

– Посебно драго ми е што конечно набавивме 650 сензори за безболно мерење гликемија наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1 и слепи лица со чија помош се овозможува континуирано мониторирање на гликемија. Со ова значајно го зголемуваме квалитетот на животот на децата, рече Меџити.

Тој додаде дека исто така, со воведувањето на новите протоколи во примарна здравствена заштита, се допринесува за подобро следење и мониторирање на пациентите со дијабетес од страна на нивните матични лекари, односно рана детекција на компликациите кои следат од болеста.

Воедно со зголемување на дијагностичките и терапевстките можности на матичните лекари овозможивме пациентите со дијабетес да можат да ја добиваат статинската терапија токму кај нив, а знаејќи ја важноста на добрата регулација на масти во крвта кај оваа група на пациенти, значително го намалуваме непотребниот морбидитет и трошоци на пациентите. Со ова го подобривме квалитетот и континуитетот на грижата на сите пациенти со дијабетес, изјави министерот.

Тој рече дека во РСМ постојат регистрирани 140 000 случаи на дијабетес,  воведена е и скрининг програма за лица кои немаат фактори на ризик, со што ќе се овозможи рана детекција на ризик факторите и со тоа да се превенира или одложи манифестацијата на болеста.

– Како министер за здравство и во следниот период ќе се трудам  пациентите со дијабетес да имаат пристап до најсовремените начини за третман. Обврска наша како здравствен систем, мене како министер, на моите колеги лекари, ни е, да овозможиме поквалитетен живот на луѓето кои имаат дијабетес и да ги спречиме компликациите од истата, подвлече министерот.

Тој се обрати на форумот во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот, насловен „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија – дејствуваме пред да стане непоправливо”, во организација на СЗДСМ. На форумот, како што е најавено,   се презентираат експертски ставови, пред се за имплементација на Националната програма за дијабетес и ќе се донесат соодветни заклучоци и препораки за заедничко делување во текот на наредната година.

Tags: КонференцијаСветски ден на борба против дијабетесотФАТМИР МЕЏИТИ
Next Post

Последните двајца македонски државјани се евакуирани од Газа

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk