ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стојчевски: ДКСК да го истражи скандалот со кумската врска за тендери во општина Штип

November 14, 2023 13:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

„Двегодишниот мандат на градоначалник Иван Јорданов, единствено што го карактеризира сѐ различни афери и основани сомненија поврзани со негови блиски луѓе и сопартијци. По скандалот со Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова и нејзината дивоградба, скандалот со јавна набавка во детската градинка „Астибо”, скандалот со проневера на нафта во којшто беше вмешан близок човек на Иван Јорданов, во јавноста се проширија информации за нов обид на градоначалникот Јорданов да ги задоволи потребите на своите партиски луѓе, но и луѓе со коишто има роднинска врска“, истакна на денешната прес-конференција Трајче Стојчевски, советник во Советот на општина Штип и потпретседател на СДММ.

Тој вели дека во ЈП „Исар” Штип јавната набавка за храна ја има добиено фирма во којашто близок роднина (или поточно зет за ќерка) е лицето Методи Јорданов, чиишто кум му е токму градоначалникот Иван Јорданов.

За сомнежот да е уште поголем, нагласува Стојчевски, лицето Методи Јорданов коешто е во роднинска врска и со фирмата и со градоначалникот Јорданов, е член на Управниот одбор на претпријатието ЈП „Исар”.

„Затоа прашуваме, дали постои основ за судир на интереси и дали Јорданов со тендери од илјадници евра ги “чести” своите блиски сопартијци и луѓе со којшто е во роднинска врска? Дополнително во јавноста се шири информација дека истата фирма треба да ги купи дуканите од јавното претпријатие Исар. Затоа како советничка група на СДСМ и коалицијата во наредните денови ќе поднесеме пријава и ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да го истражи случајот, дали постои основ за судир на интереси“, потенцира Стојчевски.

Tags: ДКСКИван ЈордановЈП „Исар” ШтипШтип
Next Post

Костадиновска-Стојчевска и Крастев: Македонските и бугарските институции во културата ги афирмираат европските вредности

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk