ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ на Светскиот ден на децата: Конвенцијата за правата на детето мора да биде минимална основа, а не недостижен сон! СТОП ЗА УБИВАЊЕТО НА ДЕЦАТА во војна!

November 20, 2023 15:46
in PMD, ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето стапува во сила на 20 ноември 1989 година. Оттогаш, овој датум се одбележува како Светски ден на децата.

Еден од начините на кој се одбележува овој ден е осветлување на зградите и обележјата во сина боја. Поводот за одбележување на Светскиот ден на детето е и повод за алармирање дека светот на многу деца во светот е обоен во црно. Правата и животите на децата се под постојана закана на војни, глад, злоупотреби за верски, политички или воени цели, кога тие стануваат мета на воените напади во конфликтите низ светот. Децата се мета и на физичко и сексуално насилство, малтретирање и експлоатација.

За многу деца во светот, пристапот до квалитетно образование, здравство, услови за достоинствен живот и правилен развој е изгубен засекогаш.

Трагична е загубата на секое дете. Геноцидната руска агресија против Украина предизвика насилна смрт, сакатење и трауми за голем број деца. Според Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина, од 24 февруари 2022 година до 20 август 2023 година, најмалку 1.618 деца биле повредени како резултат на целосната руска инвазија на Украина, вклучително и најмалку 503 убиени деца. Постои висока веројатност дека бројот на загинати деца е многу повисок.

Трагедијата на децата во Појасот Газа е ужасна и невидена досега. Според податоците на Министерството за здравство на Палестина, од 7 октомври до 20 ноември, најмалку 5.500 деца загинаа во конфликтот во појасот Газа.

ЦИВИЛ ги повикува владите и меѓународните институции и организации да вложат максимални и решителни напори да ги сопрат воените дејствија против цивилното население во кое најтрагични жртви се децата.

Конвенцијата за правата на детето мора да биде минимална основа, а не недостижен сон!

Во согласност со обврските на меѓународното хуманитарно право, мора да се заштити цивилното население за време на вооружени судири, а државите членки на ОН мора да ги преземат сите мерки за да се обезбеди заштита и грижа на децата погодени од вооружени судири (член 38, став 4).

Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство!

ЦИВИЛ повикува да се работи уште повеќе и понапорно за подобрување на состојба на правата на детето и во Северна Македонија и бара од институциите во земјата сериозно да се зафатат со итни мерки за подобрување на состојбите, особено во текот на образовниот процес. Секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата што е донесена токму на денешен ден. Децата мора да ја уживаат посебната заштита обезбедена преку закони и други средства.

ЦИВИЛ во континуитет постојано алармира за злоупотребата на децата за политички и верски цели, но и предупредува дека децата масовно се жртви и на врсничко и семејно насилство. ЦИВИЛ бара од институциите да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат и искористуваат децата и младите.

ЦИВИЛ

Извор: Цивил Медиа

Tags: војнидетски правазлоупотребаСветски ден на дететоЦИВИЛ
Next Post

Повеќе од 150 луѓе загинаа во епидемијата на колера во Зимбабве

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk