ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Датумот за изборите, техничката влада, евроинтеграциите – теми на утрешната лидерска средба

December 3, 2023 18:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски утре напладне во Парламентот ќе одржи лидерска средба со лидерите на парламентарните политички партии. Средбата, како што е најавено, ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието во 12 часот.

Евроинтеграциите останува нејасно дали ќе бидат тема на лидерската средба. Ковачевски во најавата дека ќе свика лидерска средба ги посочи како една од темите на кои ќе се разговара, но тие не се најдоа на агендата што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја објави како прифатлива за одржување на лидерска средба, јави МИА.

Евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ги посочи премиерот Димитар Ковачевски, како теми на лидерска средба.

Од ВМРО-ДПМНЕ, потоа излегоа со став дека е прифатлива лидерска средба, но на која би се разговарало за конечно прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ.

Премиерот вчера рече дека успешна лидерска средба значи дека политичките партии ќе седнат на маса и нема да постои уценување од една политичка партија кон друга.

Очекувам конструктивна лидерска средба во која ќе учествуваат сите политички партии застапени во Парламентот, бидејќи тоа е начинот на кој функционира едно демократско општество, каде што сите кои учествуваат во еден натпревар треба да имаат збор во начинот на кој се организира натпреварот, изјави денеска Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посета на фабриката „АТС АММО“ во Македонски Брод.

Финалниот збор за датумот на одржување на парламентарните и претседателските избори, како што нагласи Ковачевски, треба да го кажат партиите, но според календарот најголема можност за такво нешто е во мај, потсетувајќи дека следната година ќе бидат први редовни парламентарни избори во нашата држава по 2006 година.

Tags: евроинтеграцииизбориКовачевскилидерска средбаСобраниетехничка влада
Next Post

Европа парализирана од снег и студ

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk