ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Реквием за еден сон (moral missing)

December 4, 2023 14:59
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Ана Василевска

Ана Василевска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Траорот што ни се вгнезди под кожа од објавата за исчезнатото 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска, кулминираше во колективна болка синоќа по веста дека е пронајдена убиена. На секој од нас деновиве ни минаа низ глава безброј фатални сценарија но и оние најнадежни, треперејќи при секоја нова информација.  И денска ги слушнавме деталите од МВР и ОЈО.  Со Вања вчера беше убиена и елементарна верба во човечкиот морал  а воскресна концептот за освета кон монструмите. Некои споменуваат и враќање на смртната казна за злосторниците. Дури и да се обиде човек комплетно емоционално да се дистанцира, онаа природна емпатија на секое здраворазумско битие не дозволува помирување со овој случај. Ако се сведе на голи факти, барем од оние со кои во моментов официјално располагаме, мотивот за убиството на Вања се пари. Толку едноставно, пари. Основната движечка сила во светот, парите за кои се војува, крволочно се убива, секојдневно се уништуваат милиони животи. Но, ова е глобална катастрофа на триумфот на злото и лукративниот материјализам, за која можеби до вчера верувавме дека е далеку од нас.

Според податоците на официјалната страница на Интерпол, нотификација со жолт аларм за исчезнати во моментов има за близу 10.000 лица во светот, меѓу нив речиси половина деца, на возраст од 0 до 21 година. Лицата се речиси од сите континенти и точки на планетава. Во објаснувањето на Интерпол како доминантен мотив за киднапирање на деца стои сексуална злоупотреба и експлоатација, трговија со луѓе, принудна работа: „ова се само дел од опасностите со кои се соочуваат децата ширум светот денес. Во ИНТЕРПОЛ работиме на решавање на оние злосторства кои имаат меѓународна димензија. За да помогнеме во трагањето на исчезнатите деца, издаваме жолти известувања, додека нашите експерти за трговија со луѓе работат заедно со земјите-членки за да ги спасат децата жртви на трговија со луѓе и принудна работа.“

Тие ја посочуваат сексуална злоупотреба и експлоатација како број еден за злоделата кон деца а како најолеснителен механизам за пристап на монструмите за каков било вид на злоупотреба на децата го акцентираа интернетот.

Што ќе сториме ние?

Трагедијата со Вања  е уште поголема бидејќи сплетот на криминални околности е бизарен, дотолку што логиката е исклучена. Неповратно е загубен еден млад живот, прекинати соништа со ладнокрвно повлекување на шкрапалото од оружјето на еден монструм. Тој што може физички да ликвидира човек е бездруго е некој чија душа е ампутирана. Молкот што го остава овој настан зад себе и истовремено илјадници прашања во секој од нас го обои овој понеделник во најцрн датум на кој некогаш сме сведочеле. И не дека злото, насилството не ни се дел од секојдневните вести , туку затоа што ова е прв случај налик на оние криминалистички серии во кои исчезнатите лица се бараат со застрашувачки аларм. Овој пат не е филм, не е кошмар од кој се разбудивме, не е среќно завршена акциона мистерија . Во суштината на се, останува тоа да очекуваме злосторниците да бидат изведени пред лицето на правдата и да им се суди според Закон.

Црните хроники и утре ќе се полнат со вести за фемициди, силувања, тепачки, убиства, социјалните мрежи и натаму ќе бидат бесконечно поле за блуење на отров, лагите и бесмислиците пакосните коментари ќе бидат дел од медиумските објави. Ќе продолжи оној деструктивен наратив на обвинувања кон секого и сешто и секому во своја полза. До кога?

Тоа што треба да не вкочани и преплаши до смрт се низата причини кои доведоа да живееме во токсично општество. Има многу, но една од нив бездруго е релативизирање на злото преку праксата на неказнивиост и уште пострашно киднапирање на есенцијалната човекова доблест-моралот. Не оној лажниот морал форматиран во догми и декларативни памфлети, туку вистинскиот исконски морал,

Ако пак отвориме дебата за ова лесно може да отиде во правец на лажно и празно морализирање. Тажно е што повторно границата може да ја повлече само Законот, а совеста и етиката се повеќе стануваат дефицит па дури и на нив се гледа со потсмев од страна на ордите „нелуѓе“ што не бираат ниту средства ниту начин да стигнат до целта. Газат и преку лешеви, како што видовме, убијци маскирани во „нормални идентитети“, патриоти, политичари, семејни луѓе.

Тоа што ние можеме и мораме да направиме е да почнеме да ја исправаме кривата патека, да не бегаме од суштината со банални заклучоци да ги лоцираме и да се спротиставиме на сите и најмали сигнали на злото, и најмногу од се да се вклучиме во потрага на исчезнатата човечност.

Реквиемот нека ечи денес, нека се исплачеме во име на невината душа на Вања но Амбер Алерт да закачиме во потрага за благородни и вистински вредности кои се единствен начин да се спротиставиме, да го превенираме и да го искорениме злото.

Извор: Нова ТВ

Tags: МВРМорални вредностиУбиство на Вања
Next Post

МНТ ги откажа претставите вечер и утревечер

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk