Во Кијив, Украина, денеска и утре се одржува Меѓународната Конференција за човекови права „Слобода или страв“, по повод 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права.
На конференцијата ќе бидат учесници високи политички претставници од ЕУ, кои ќе се обратат со свои говори во текот на дводневната конференција.
На конференцијата учествуваат и двајца претставници од Северна Македонија, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик омбудсманот Јован Андоновски.
„Ова е еден од најзначајните настани поврзани со 75 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права. Едно од најтешките воени злосторства е киднапирањето и депортирањето на иладници деца. Оваа конференција е гласен потсетник дека руските агресори масовно го извршуваат токму ова злосторство”, рече претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Д. Т. / Цивил Медиа