ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Поднесена кривична пријава против возачот на роверот што го носел Палевски во Турција

December 8, 2023 13:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ХРОНИКА
Љупчо Палевски Палчо. Фото: скриншот

Љупчо Палевски Палчо. Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата поднела кривична пријава против возачот на роверот што го носел Љупчо Палевски – Палчо во Турција.

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

„С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 01 до 03.12.2023 му помогнал на  Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување” по член 141 и „убиство” по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Станува збор за лицето Стефан Димковски Струмица, за кого судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје вчера го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор. Притворот му е одреден поради можност од бегство.

Основното јавно обвинителство Скопје, претходно соопшти дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка за возачот на Палевски.

Оттаму информираа дека за уште едно лице кое беше задржано во полициска станица до ОЈО Скопје е доставено известување, а јавен обвинител оценил дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат.

Станува збор за адвокатот на Палевски, Васко Стојков, кој изјави дека тој лично го однел Палевски во Белград, на преглед, бидејќи немал возило.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција. 

Next Post

Честитка од Џафери по повод празникот Св. Климент Охридски

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk