ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Советот на ЕУ ја пофали Северна Македонија за нејзината доследна соработка и целосно усогласување со заедничката надворешна политика на ЕУ

December 13, 2023 11:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ во заклучоците за проширувањето од вчерашното заседание на Советот за општи работи, потенцира дека добрососедските односи и регионалната соработка на Северна Македонија остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот за стабилизација и асоцијација и се потсетува на важноста од постигнување „видливи резултати и имплементација со добра волја на  билатералните договори, вклучувајќи ги и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија“.

Советот особено ја пофалува Северна Македонија за нејзината доследна соработка за прашањата од надворешната политика и нејзиното целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика, вклучително и за рестриктивните мерки на ЕУ, како силен израз на стратешката определба на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Советот го поздравува континуираното активно учество на Северна Македонија во мисиите и операциите на ЕУ во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика.

Советот, исто така, ја пофалува Северна Македонија за нејзината активна улога во сложениот геополитички контекст за време на нејзиниот мандат како претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), се додава во делот од заклучоците за проширувањето, посветени за земјава.

Советот на ЕУ е подготвен да ја свика втората меѓувладина конференција со Северна Македонија, без дополнителни одложувања и без потреба од дополнителна политичка одлука, штом земјата ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е предвидено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, се наведува во заклучоците за проширувањето од вчерашното заседание на Советот за општи работи, што ќе бидат доставени на усвојување до лидерите на Унијата на нивниот дводневен Самит што почнува утре.

Поврзано:

Советот на ЕУ повикува да се донесат уставните измени, одма потоа втора меѓувладина конференција со Северна Македонија, без дополнителни одложувања и беа потреба од дополнителна политичка одлука

Tags: заклучоциСовет на ЕУ
Next Post

Спасовски: МВР анализира информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на Вања и Панче

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk