ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата го утврди текстот на Дополнетиот предлог буџет 2024 година

December 18, 2023 15:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница утврди текст на Дополнетиот предлог буџет на Република Северна Македонија за 2024 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието, а се направени се и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог буџет.

Клучните елементи на Дополнетиот предлог буџет за 2024 година, велат од Владата, се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација.

Во тек на амандманската расправа прифатени се три амандмани од вкупно поднесените 272, еден  на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и два на владејачката СДСМ.

Утврдениот Дополнет предлог буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, Владата го испраќа на усвојување во Собранието и според најавите почетокот на расправата е закажан за 22 месецов.

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година.  Вкупните расходи се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или се за 5,8 отсто повисоки во однос на 2023 година. За плати проектирани се 41,2 милијарди денари, за стоки и услуги планирани е износ од 25,3 милијарди денари, за тековни трансфери и субвенции 215,3 милијарди денари. За социјални трансфери проектирани се 161,1 милијарди денари, од кои за исплата на пензии 83,6 милијарди денари, за надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението околу 13,2 милијарди денари. Растот на економијата е проектиран на ниво од 3,4 отсто, а инфлацијата на ниво до 3,6 отсто.

Tags: ВладаДополнет предлог буџетусвоен
Next Post

Маричиќ: Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени

EVN

НАЈНОВО

Орце Ѓорѓиевски и Борко Ристовски (фото извор: Град Скопје)

Уште едно игралиште во Скопје – фотосесија на власта

April 18, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk