ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Самоопределување на Курти, нов партнер на Европскиот сојуз за промени, АА е ЗА поширок „Европски фронт“

December 25, 2023 13:43
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициските партии на Албанците – Движењето БЕСА, Алтернатива и Демократското движење во рамките на коалицијата Европски сојуз за промени соопшти дека од сега го имаат и четвртиот партнер од коалицијата, Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти.

– Од денеска ЕСП се состои од четири политички партии. Тоа значи дека во овие четири го има и „Самоопределување“. Заедно ја работиме програмата. Ќе бидат дел од пратеничките листи, изјави Изет Меџити, претседател на Демократското движење.

Од друга страна, и владејачките партии СДСМ и ДУИ на Али Ахмети прават напори за проширување на европскиот фронт.

„Фронтлајн“ од добро упатени партиски извори дознава дека во Алијансата за Албанците има големи разлики за можна изборна коалиција со ДУИ на Али Ахмети, бидејќи оваа партија целиот свој наратив го изградила на анти-ДУИ политики. Додека за поширок „ Европски фронт“ со СДСМ на чело, ДУИ и сите проевропски сили, граѓанскиот сектор и интелектуалци би биле добра комбинација за нив. Би била добра комбинација Алијансата на Арбен Таравари да влезе во изборна битка, од која би излегла како победник.

– Во варијанта на коалиција само со ДУИ, би било опасно за Алијанса да влезе во изборна битка, бидејќи нејзините гласачи би биле ориентирани кон албанската опозиција. Во коалиција со СДСМ на чело и сите проевропски и проамерикански сили во рамките на „Фронтот за Европа“ би можело да учествува и Алијанса, велат партиски извори за „Фронтлајн“.

Од друга страна, официјализирана е соработката на албанската опозиција со Движењето „Самоопределување“. Како што дознава „Фронтлајн“, на листите за кандидати за пратеници на албанската опозиција ќе учествуваат и луѓе на Албин Курти. Неофицијално се дознава дека Беким Ќоку, советникот на Албин Курти за Северна Македонија, ќе биде носител на листата на кандидати на албанската опозиција во петтата ИЕ, додека Влера Ѓакова ќе биде на листата на кандидати за пратеник во првата или втора Изборна единица .

Советникот на премиерот на Косово за Северна Македонија, Беким Ќоку, рече дека причината поради која „Самоопределување“ и помага на албанската опозиција е да донесе промени за да се искоренат коруптивните политики и да се елиминира дискриминацијата врз Албанците.

– Бевме принудени да станеме дел од оваа коалиција и се надеваме дека оваа промена ќе дојде. Ги поканувам и другите политички партии, граѓанското општество и овде отворено ја поканувам и Алијансата за Албанците да се приклучи на оваа коалиција, бидејќи јас како поранешен член на Алијанса го чувствувам и знам каков е менталитетот и опозицискиот дух на Алијансата и знам дека тоа тука има свое место, нагласи Беким Ќоку од Движењето „Самоопределување“.

Ќоку уште од октомври во изјава за „Фронтлајн“ го најави делувањето на Движењето „Самоопределување“ и во Северна Македонија.

– Движењето „Самоопределување“ веќе извесно време планира формирање центар во Северна Македонија. Правиме одредени напори, оценки во оваа насока. Сè уште нема ништо конкретно. Почнавме да ги бараме вистинските луѓе, фигури, поединци кои би можеле да ја извршат оваа задача на најсоодветен начин, изјави Ќоку за „Фронтлајн“.

Според информациите кои кружат во политичките и новинарските кругови, Движењето „Самоопределување“ во Северна Македонија има над 10.000 членови, односно симпатизери. Но, Ќоку ја демантираше оваа информација, велејќи дека оваа бројка е шпекулација.

– Имаме поддржувачи, но не со книшки. Бројката е шпекулација, појасни Ќоку во изјавата за „Фронтлајн“.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Алијанса на АлбанцитеДУИевропски фронтЕУСДСМ

НАЈНОВО

Сабаленка и Американката Коко Гоф во финалето на Ролан Гарос

June 7, 2025

Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

June 7, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп доби судска дозвола да го ограничи пристапот на новинарите на Асошиејтед Прес во Белата куќа

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk