ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Сите ги „откачија“, ВМРО-ДМПНЕ и Левица сами во националистичките води

January 9, 2024 12:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија е во фаза на негативна кампања, која и претходи на претстојната изборна кампања. Национализмот и радикалните теми се во преден план“, вели за „Фронтлајн“ политичкиот аналитичар Бесим Небиу, зборувајќи за политичките актуелности во земјава.

– Се наоѓаме во фазата на негативна кампањи, која и претходи на предизборната кампања. Националните и националистички теми и радикализацијата се на прв план, како по традиција, тоа е подрачје во кое десничарските македонски партии и ДУИ од албанската страна, ги заострувале реториките во очекуање на така наречените „патриотски гласови“. Но, овој пат, ДУИ игра на „европската карта“ избегнувајќи ги националните теми во оваа фаза, оставајќи ги ВМРО-ДМПНЕ и Левица сами во националистичките води, вели Небиу.

Што се однесува до Албанската опозиција (Движењето БЕСА, Демократското движиње, Алтернатива), додава тој, и таа досега се држи настрана од пренагласување на „патриотските теми“, настојувајќи да се профилираат како голема коалиција од неколку опозициски партии.

– Очекувам со наближување на кампањите, сите партии да создадат програмски понуди за владеење во следниот четири годишен мандат, кој се состои од програми и идеи за владеење. Сепак, кампањата официјално не е започната, затоа очекувам ова да се случи некаде во февруари или март, нагласи тој.

Врз основа на договорот што го постигнаа лидерите на парламентарните политички партии, првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека на 8 мај ќе има двојни избори – вториот круг од претседателските и парламентарните избори.

Изборната кампања официјално започнува 20 дена пред изборите. До крајот на месецов се очекува да се гласа во Собранието и техничката Влада која ќе биде надлежна за организирање на претседателските и парламентарните избори. ДУИ соопшти дека за премиер на техничката влада ќе го предложи Талат Џафери, актуелен претседател на Собранието. Пратеникот Јован Митрески е предлогот на СДСМ за претседател на Собранието.

Дестан Јонузи

Поврзано: 

ВМРО-ДПМНЕ наместо да презентира изборна програма, води предвремена „црна“ изборна кампања

Tags: Бесим НебиуВМРО-ДПМНЕЕУЛевицанационализам
Next Post

После Водици во Собранието седници за подготвка и избор на преодната влада

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk