ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Презентација на резултати од иницијативи во рамки на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ

January 17, 2024 09:25
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и Методија Димовски, генерален секретар на Владата денеска во Скопје ќе го отворат Саемот за граѓанско општество за презентација на резултатите од 49 успешни иницијативи спроведени во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (ЕУ МГО).

На настанот што ќе се одржи во салата на Филхармонијата, како што најавуваат од Делегацијата на ЕУ, ќе следи презентација на резултатите од овој механизам во форма на дигитална изложба и преку информативни материјали.

ЕУ MГО обезбедува поддршка за малите граѓански и локални организации со цел да се спроведат акции во корист на локалните заедници низ целата земја и да се зајакне отпорноста на граѓаните при чести општествени промени. Во рамки на МГО поддршката, ЕУ додели 0,9 милиони евра за поддршка на 49 иницијативи на граѓанското општество спроведени во текот на 2023/2024 година. Поддршката им овозможи на овие граѓански организации да преземат ефективни активности за навремено да одговорат на итните потреби во нивните заедници и да ја зајакнат отпорноста на граѓаните. Тие, исто така, ги информираа граѓаните за придобивките од процесот на пристапување во ЕУ и поврзаните секторски реформи во секојдневниот живот на граѓаните.

-Овие граѓански иницијативи служат како катализатори за трансформација, кои влијаат на локалните политики и промовираат прашања како што се човековите права, родовата еднаквост, зајакнувањето на младите, културната и еколошката свест и заштита, социо-економскиот раст и создавањето работни места. Иницијативите придонесоа за поинклузивно, праведно и зајакнето општество, позитивно влијаејќи на животот на локалните заедници, наведуваат од Делегацијата на ЕУ.

Поддршката на ЕУ МГО се спроведува во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ (https://eu4cr.mk/)

Tags: ЕУмеханизам за граѓанска отпорнострезултатиСеверна Македонија
Next Post

Германија се подготвува за сообраќаен хаос поради очекуваните обилни снежни врнежи

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk