ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието се злоупотребуваше за внатрепартиски пресметки, не водејќи сметка за интересите на граѓаните

January 19, 2024 12:02
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„За жал, повеќе од три децении на повеќепартиски систем не донесе плодна парламентарна демократија со предлози и конструктивни амандмани. Напротив,секогаш собранието се злоупотребуваше за внатрепартиски пресметки“ – велат политичките аналитичари зборувајќи за актуелниот состав на Собранието, работа како и за блокадите на опозицијата за прашања од колективен и стратешки интерес за Северна Македонија.

– Секогаш Собранието се злоупотребуваше за внатрепартиски пресметки преку грбот на законодавниот дом, не водејќи сметка за интересите на граѓаните. Така беше и во овој парламентарен состав, така ќе биде и во идниот, бидејќи политичката некултура на политичките елити прогресира, наместо да оди кон цивилизирана политичка култура и дебата. Неверојатно, првиот парламентарен состав во Македонија имал најголема политичка култура и дебата со почит и уважување меѓу пратениците и ние наместо да ја надградуваме, постојано ја девалвираме низ децениите, вели за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски.

Собранието и парламенттарците во функција на политичките агенди

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу смета дека Собранието и пратениците се исклучиво во функција на политичките партии.

– Затоа парлементот е блед а поголем дел од членовите на парементот се денес сосема непрепознатливи за јавноста, иако се директно избрани народни избраници – што е парадокс! Иако РСМ е номинално парлементарна демократија, Собранието функционира под строга контрола на партиски врвови, па затоа и самите парламентарци се сведуваат претежно на послушна гласачка машинерија која дисиплинирано ги спреведува партиските директиви. Затоа парлементот губи релевантност, па дури ни честите блокадите и драматичните парлементарни дебати стануваат се помалку интересни и релевантни за јавноста. Ова го потврдуваат и анкетите, изјави Небиу за „Фронтлајн“.

Во однос на следниот парлемент, Небиу, очекува да произведе позитивни промени, но не е сигурен колку е тоа можно без системски промени во начинот на избор на членови на парлементот кој би ги зголемил престижот, улогата и значењето на пратениците.

– Пред се тука мислам на отворени листи, во кои граѓаните сами би си избирале пратеници, па тие пратеници би престанале да бидат избрани директно од партискиот лидер, и можеби би развиле свој изворен политички легитимитет, нагласи тој.

Во многу наврати беа блокирани работните тела и пленарните седници на Собранието. И најважното, со несогласувањата на ВМРО-ДПМНЕ да се пристапи кон уставни измени се спречи напредокот на земјата кон членство во ЕУ, вели Џелили.

Поранешниот пратеник Зуди Џелили оценува дека актуелниот состав на Собранието наишол на големи проблеми.

– Еден период имаше кревко мнозинство за што беа одложени многу седници, а имаше и немили настани и тензични ситуации. Етичкиот кодекс не беше почитуван од страна на одредени пратеници. Во многу наврати беа блокирани работните тела и пленарните седници на Собранието. И најважното, со несогласувањата на ВМРО ДПМНЕ да се пристапи кон уставни измени се спречи напредокот на земјата кон членство во ЕУ. Сето ова деструктивно работење на Собранието нанесе голема штета на земјата како во политички така и на економски план, изгубивме неколку милјарди евра помош од ЕУ, се изгуби довербата кај граѓаните кон институциите и се доведевме до безнадежни ситуации, изјави Џелили за „Фронтлајн“.

Ниско ниво на квалитетот на дебата во Собранието

Извештајот (Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје) од набљудувањето на квалитетот на дебатата во собранието во текот на 2023 година покажува релативно ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во овој мандат и го потврдува заклучокот дека постои простор за значително подобрување.

На скала од 1-најнизок до 10 – највисок, средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието во првото полугодие на 2023 година е 5,5.
Учеството на жените во дискусијата е 43% и се задржува на релативно високо ниво, исто така претставува највисоко учество на жените во дискусијата во споредба со претходно набљудувани мандати.

Во 49% од сите анализирани дискусии, учесниците немаа аргументи, додека во 44% од анализираните дискусии имаа слаба аргументација, односно говорниците им понудија образложение на своите позиции што не е доволно да се смета за еден целосен аргумент.

Доколку се разгледаат последните изданија на собраниската публикација „Мојот пратеник“ може да се заклучи дека во периодот од јануари до јуни и од јули до декмври 2023 година, во огромен бројка се „пасивните’ пратеници, меѓу кои има и лидери на политички партии.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: блокадаВМРО-ДПМНЕЕУполитички партииСобраниеуставни измени

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk