Бојан Маричиќ вицепремиерот за европски прашања во своја објава на Фејсбук му посака добредојде за Џејмс О`Брајан помошник државниот секретар на САД.
Сојузништвото и соработката со САД кои траат со децении се клучни за нашата стабилност и за напредокот на патот до нашето членство во ЕУ, вели Маричиќ во својата објава.
Тој заклучи дека во пресрет на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан, верува дека ќе се реализира плодоносна средба со што ќе ја зацврстиме успешната реализација на евроинтеграцијата на нашата држава и регионот на Западен Балкан до 2030 година.
Подготви: М. Пешевска