Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Според критериумите воспоставени во последните две и пол илјади години во историјата на психата, за возрасен ќе се смета само оној кој поминал обемен тренинг на дефасцинација.
Процесот на критичката субјективизација се темели на дефасцинацијата како скусување на можноста друг да ве обземе и опчини.
Откако пишаната култура го наметна својот закон, да си субјект значи најпрво и најмногу способност да се одбраниш од сликите, текстовите, говорите и музиката со која се сретнуваш, со исклучок на оние чие право да ја предизвикаат твојата согласност од некои причини однапред се прифаќа-тие исклучоци ги викаме икони, списи на втемелувачи, химни и класици, свети книги и книгите на Тричковски.
Хахаха.
А вие сè правите наопаку: се десубјективизирате и се фасцинирате од идиоти кои ги походат телевизиските студија, селата и пазарите и на луѓето им го решаваат националното прашање, идентитетот и детските игралишта со познатата метода чирибу-чириба.
Само вистина и срање.
Само интервју и гњаважа
Заспи ако можеш, будало!
Така што, глејте си го вие Мицкота, јебеш дефасцинација, како да се дефасцинираш од таква лепота и памет, харизма и визија?!
Еве, слушам дека штрајкот во ЈСП е направен само за да може да покаже колку луѓето може да пренесе на ушка од Ново Лисече до Ѓорче за осум часа посветени на македонските страдалници.