ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меѓу Исток и Запад: Позициите на ВМРО-ДПМНЕ практично се антиевропски

January 24, 2024 10:34
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн на конференцијата за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан во Скопје, според поранешниот дипломат и актуелен универзитетски професор – Нано Ружин, имаше за цел да се добие појасна слика за тоа како политичките партии во Северна Македонија – и во Албанскиот и во Македонскиот блок се подготвуваат за парламентарните избори.

– Видовме дека во една јасна порака, тој им се обрати и на граѓаните и на политичките партии, истакнувајќи дека од една страна, мислејќи на партиите кои се во коалиција на власт, дека имаме политички партии кои што се јасни – кои што се евроатлански oриентирани, кои што настојуваат државата да ја внесат во ЕУ. Да не заборавиме во овој момент Европската унија е големиот партнер на САД по повеќе прашања, вклучувајќи и битката која што ја води во Украина, значи како сојузници и затоа се настојува овие политички партии и натаму да ја одржат таа насока на опстојување. Од друга страна анализирајќи ги опозиционите партии пред сè ВМРО-ДПМНЕ, О’Брајaн истакна дека имаме работа со една политичка партија која што нема јасни визии за тоа што сака, дека ветува само промени, меѓутоа, какви никој не ги знаеме, изјави Ружин за „Фронтлајн“.

Мислам, додава професорот Ружин, дека тоа се должи на стратешка грешка на ВМРО ДПМНЕ во којашто влезе самата со перманентното негирање на прашањето околу промената на Уставот, како дел од кампањата која што кај македонскиот електорат доста пали бидејќи настаните и од другата страна на границата, перманентните блокади од Софија, кај македонското јавно мислење создадоа еден анимозитет кон одредени бугарски политичари.

– Сето тоа на еден умен популистички начин опозицијата го користеше претерувајќи и на тој начин практично самата себе се условува. Но доколку случајно успее да победи, создаде влада, практично ќе мора да остане на овој став барем доколку имаат политичка етика во своите ветувања, тогаш ќе мора да остане на тие позиции. Затоа многу е битна позицијата на албанскиот блок партии. Имено, овие партии можеби ќе бидат оној јаз што ќе одлучува кој ќе создаде влада после овие избори, и да се очекува продолжување на досегашната политика, нагласи тој.

Според него, американците имаат резерва кон однесувањето на разни политички гарнитури, бидејќи ако дојде до промена во овие многу стресни геополитички моменти се скептични дека на новата влада составена од сегашната опозиција на тој брод може да помине и Левица и некој трет, и тоа би било вон посакуваните рамки на однесување.

– Затоа од тука произлегуваат сомнежот. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ, нивните визии се практично на еден поглед, мислам антиевропски, а повикувајќи се на одредени и поранешни манифестации, малку се и проруски. Затоа овие избори би рекол се од стратешко значење како за Република Северна Македонија, така и за целата популација што живее на оваа територија, потенцира професорот Нано Ружин.

И премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека граѓаните на избори ќе можат да изберат дали ќе гласаат за коалицијата составена од „Европски фронт“, или од друга страна, како што вели, коалицијата која е против членството во ЕУ.

– Овие избори нема да бидат избори меѓу левица и десница. Овие избори ќе бидат меѓу Западот и Истокот. Во 2024 година такви ќе бидат изборите. Вообичаено во светот изборите се со централно-левичарски партии и централно-десничарски партии. Кај нас ќе има избори на кои ќе се соочат политичките партии кои се западно ориентирани и партиите кои се источно ориентирани, изјави Ковачевски.

Првиот вицепремиер на Владата и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, на панел дискусијата „На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција“, рече дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја дестабилизира Северна Македонија.

– Замислете, имаше изјави од министерот за надворешни работи Лавров и неговата портпаролка Захарова, како и од претседателот Путин, кој ги познаваше сите села во Северна Македонија и ги спомна во своите интервјуа во меѓународните медиуми и рече дека огнената крстосница за Русија во врска со проширувањето на НАТО, е Северна Македонија. Ова е изјава цитирана од Лавров, а потоа Путин во своите медиуми, спомнувајќи ја и с.Грушинце – Куманова во своите интервјуа, за да покаже како ги познава сите села во Северна Македонија, за да поттикне тензии меѓуетнички конфликти меѓу Албанците и Македонците, до трагичните случаи што се случија во нашите градови, рече Груби.

Тој подвлече дека сите знаат дека има руски експоненти, дека има руски елементи, кои прават сè што е во нивна моќ да го уништат парламентарното мнозинство и коалиција, која сака да ја види оваа земја како членка на НАТО и членка на ЕУ и во децениското пријателство со САД.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Артан ГрубиВМРО-ДПМНЕДимитар КовачевскиДУИЕУНано РужинСАДСДСМЏејмс О'Брајан

НАЈНОВО

Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто

June 9, 2025
Пламен се издига над рускиот град Чебоксари во Република Чувашија по наводниот украински напад со беспилотни летала на 9 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Украински дронови предизвикаа пожар во руски објект за електронско војување во Република Чувашија, погодиени два авиони во нападот на воздухопловната база Саваслејка

June 9, 2025
Скриншот

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk