ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи за „Еуроњуз“: Русија користи дезинформации за да го забави пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ

January 24, 2024 15:56
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за „Еуроњуз“ вели дека Русија користи дезинформации и лажни вести со цел да го забави пристапувањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

-Фрустрацијата поради одложувањето на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ создава простор за Русија да сее раздор во земјата преку „арсенал“ на хибридна војна, оцени Османи, кој вчера во Брисел присуствуваше на панел-дискусијата на конференцијата „Позадината на дезинформациите: Зајакнување на нашите општества против манипулациите и мешањето на странските информации“, чиј домаќин беше високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Според Османи, Русија користи насочени кампањи за дезинформации – вклучително и ширење лажни вести преку интернет тролови, за, како што посочи, да го „растури социјалното ткиво на општеството“ во земјата како и во Западен Балкан и да го забави нивното пристапување во ЕУ.

-Очигледно Русија дизајнираше дезинформации за да ја спречи Северна Македонија да ги постигне своите стратешки цели, а тоа се членството во НАТО и ЕУ, истакна Османи.

Како што истакна тој, фрустрацијата што се создава на патот до членството во ЕУ е киднапирана од малигни сили „кои се обидуваат да ја канализираат оваа енергија на фрустрација на нивна страна“.

Османи нагласи дека единствениот одговор е недвосмислено да продолжиме со нашата агенда за евроатлантските интеграции.

Османи за „Еуроњуз“ кажа дека го поддржува новиот пристап на Брисел за постепена интеграција, вклучувајќи го и планот за раст од 6 милијарди евра за 2024-2027 година, дизајниран да го отвори заедничкиот пазар на Унијата за кандидатите од Западен Балкан и да ги зајакне нивните економии за десет отсто.

-Сфативме дека стандардниот концепт за влез во ЕУ е сè или ништо. Патот е долг, патувањето е тешко, а луѓето и кандидатите не гледаат никаква корист од самиот пат, објасни Османи, додавајќи дека она што сакаме да го видиме е постепена интеграција на регионот во единствениот пазар пред членството и интеграција во формалните структури на Европската Унија пред самата интеграција, додаде тој за „Еуроњуз“.

Ова, според него, може да значи давање статус на набљудувачи на земјите од Западен Балкан на министерските состаноци на ЕУ, како што е Советот за надворешни работи, идеја што ја поддржуваат неговите колеги од ЕУ.

Османи вчера на панел-дискусијата во Брисел, меѓудругото кажа дека политичкиот пејзаж во Северна Македонија никогаш досега не бил толку поларизиран како пред претстојните претседателски и парламентарни избори, создавајќи два кампуси – проевропски и антиевропски фронт.

– Првпат нашите граѓани се ставени пред фундаментален тест дали ЕУ листата ќе остане победничка листа на Западниот Балкан на едни избори, рече вчера Османи, додавајќи дека во услови кога понудите на политичките партии се разликуваат во нијанси и кога главната разлика е ЕУ или други алтернативи, Унијата треба да застане во одбрана на вредностите кои ги поддржуваат мнозинството од граѓаните на Северна Македонија, а тоа се вредностите на ЕУ.

Tags: ЕУЗападен БалканОсмани
Next Post

Битиќи: Моменталната субвенција во сметките за струја е 84 отсто

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk