Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Вчера повеќе медиуми во Македонија, користејќи како извор статија од странски медиум, пренесоа информации за просечните плати во државите од екс-Југославија. Во насловите од нашите медиуми стои дека просечната плата е најмала во Македонија. Она што нашите медиуми го премолчеа, претпоставувам свесно, но не и совесно, е дека во веста од каде што ги собрале податоците има податоци и за растот на просечните плати во периодот „декември 2022 – декември 2023“.
Македонија … 16,4%
Хрватска ……… 13,9%
Србија ………….. 12,9%
Црна Гора …… 12,0%
Словенија ……… 9.6%
БиХ ………………….. 9,0%
Без објавување на овие проценти не може да се види целата слика.
Ако на ова се додаде и информацијата што ја слушнавме од заменик-претседателот на Владата – Фатмир Битиќи, дека за две години инфлацијата е зголемена за 23,6%, а платите за 33,6%, што покажува зголемување на стандардот за точно 10%, целата слика е многу поинаква од таа што „спонзорираните“ медиуми во Македонија се обидуваат да ни ја прикажат.