ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски „Претседател за сите“: Се заокружува широкиот фронт на поддршка од политички субјекти и граѓани за кандидатурата за втор мандат

March 4, 2024 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Широкиот фронт на поддршка не е само чест, туку и обврска за посветена, чесна и храбра кампања и извојување на нова победа, порача вчера актуелниот претседател Стево Пендаровски, откако доби поддршка за кандидатура за втор мандат на Конгресот на СДСМ.

Прес тимот „Претседател за сите“ на Пендаровски соопшти дека со одлуката на Конгресот, се заокружува широкиот фронт на поддршка од политички субјекти и граѓани за кандидатурата за втор мандат за претседател.

-На вечерашниот конгрес Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја потврди својата поддршка за мојата кандидатура за втор мандат.  Им благодарам на укажаната доверба.  Во изминатите денови добив јавна поддршка за вториот мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои ме познаваат. Денеска многу граѓани со своите потписи ја дадоа поддршката и за само неколку часа ги собравме над потребните 10.000 потписи, наведе синоќа Пендаровски во пишана изјава.

Тој  се заблагодарува за поддршката и истакнува да се работи на создавање општество во кое ќе се цени секој потенцијал.

-Да продолжиме да работиме на создавање отворено, креативно, иновативно и демократско општество во кое ќе има место за секој, каде сечиј потенцијал ќе се цени и секој ќе добие можност да успее тука, дома. Ви благодарам на сите за поддршката. Продолжуваме заедно!, подвлекува Пендаровски.

Претходно во обраќање пред делегатите на Конгресот, истакна дека очекува двојна победа на СДСМ и на претседателските и на парламентарните избори. – Имаме свои вредности и потенцијали и сме подобри од нив, рече Пендаровски, упатувајќи критики за политичкиот опонент ВМРО-ДПМНЕ.

Оцени дека анкетите на опозициската партија се лажни и оти таа нема став за ниту едно клучно прашање за државата.

-Реалните анкети што тие не ги даваат во јавноста се дека тие се паднати под 45 пратеника, а ние сме над 50. Не е воопшто случајно денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време  се променети, наведе Пендаровски, кој доби едногласна поддршка од 706 делегати на Конгресот на СДСМ.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, истакна дека во првиот мандат на Пендаровски станавме членка на НАТО, сега е време во вториот да станеме членка на ЕУ.

„Пендаровски е победничкиот кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат тој покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Во неговиот прв мандат земјата стана членка на НАТО – Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски да станеме земја членка на ЕУ“, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека сите заедно, со граѓаните и Пендаровски како иден претседател може да се оствари тоа.

„Бидејќи нема кој друг да го направи ако не ние, овде во оваа сала на чело со претседателот, претседателскиот кандидат и идниот претседател на Република Северна Македонија – Стево Пендаровски. Со искреност, чесност, посветеност, фокус, енергија, верба и во себе и во СДСМ“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека за вистинска, европска, солидарна, чесна и развиена Македонија, вреди и мора да се бориме.

Пендаровски е на функцијата претседател на државата од 12. мај 2019 година. Првпат беше кандидат за претседател на државата во 2014 година, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеа да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Во 2019 година вторпат беше кандидат на претседателски избори, како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии и го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.  И на овие избори Силјановска Давкова е негов противкандидат. И таа вчера обезбеди 10.000 потписи од граѓаните за кандидатурата, а ВМРО-ДПМНЕ и ја официјализираше поддршката вчера на конвенција.

Потписи за влез во трката за претседател на државата досега обебзедија уште пет кандидати: лидерот на „ЗНАМ“  Максим Димитриевски, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи кој е кандидат на ДУИ, претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски, Билјана Ванковска, кандидат на Левица и Арбен Таравари од коалицијата на здружената албанска опозиција „Вреди“.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Кој е Стево Пендаровски, претседателот што е респектиран и ги освои симпатиите на граѓаните

Tags: КовачевскиПендаровскиПретседател за сите
Next Post

Камала Харис со жестоки критики кон Израел: Видовме извештаи за палестински семејства кои јадат лисја, деца умираат од неухранетост

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk