ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Трамп-Орбановиот театар и грмотевицата на Бајден

March 15, 2024 09:49
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Американско-унгарските односи драматично се заладија. Тие се, според оценката на Лавдеј Морис, уредничка на берлинското дописничко биро на Вашингтон Пост, на најниско ниво од крајот на Студената војна наваму.

Заладувањето на односите стана очигледно по жестокиот говор на амбасадорот на САД во Унгарија, Дејвид Пресман во Универзитетот на Централна Европа, на 14 март, по повод 25-годишнината од унгарското членство во НАТО.

Пресман отворено го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека дејствува за да ја „поткопа довербата“. Пресман, за владата на Орбан рече дека „ова не е влада што реагира на дијалог, на демарши и понуди да работиме заедно за конструктивно решавање на проблемите.“

Изјавата на Пресман доаѓа неколку дена по изјавата на американскиот претседател, Џо Бајден, кој, во говор во Филаделфија, (видео) на 8 март, отворено изјави дека Орбан „бара диктатура.“ Унгарските власти длабоко се навредија, го повикаа амбасадорот Пресман во нивното МНР, но не понудија вистински одговор, ниту дека овие квалификации не се точни, а уште помалку дека нешто ќе променат.

Поранешниот претседател Трамп, кој е фасциниран од авторитарните лидери низ светот, му беше домаќин на Орбан, истиот ден, 7 март, кога претседателот Бајден одржа говор за состојбата на државата (State of the Union). Орбан говореше во фондацијата Херитиџ, блиска до Трамп, но не се сретна со актуелниот лидер на државата во која е гостин, што е преседан.

Преку националистички популизам, евроскептицизам, медиумски манипулации и изборни кражби, Орбан постепено ја заробува државата откако дојде на власт во 2010 година, за сега Унгарија да биде целосно под неговата авторитарна власт. Како и Путин, Трамп го воспева и „лидерството“ на Орбан.

Под превезот на заложбите за „поддршка на семејствата“, борбата против „нелегалната миграција“ и „заштитата“ на сувереноста на нацијата, двајцата политичари, Трамп и Орбан, како и нивниот гуру од Кремљ, се долгогодишна закана за демократијата и човековите права и слободи.

Орбан е на иста линија со Путин во поглед на бруталната руска инвазија против Украина. Според неговото сведоштво во интервју за ТВ М1 што е под негова контрола, тој рече дека Трамп „нема да даде ни едно пени за Украинско-Руската војна.“ Но тоа е веќе познато. Трамп неодамна дека „Путин може да прави што сака во Украина.“

Трамп подготви театарска претстава како да се работи за средба на двајца државници, а Орбан на социјалните мрежи „пригодно“ и не помалку театрално одговори со зборовите „врати се и донеси ни мир, Претседателе!“ Јасно е за каков „мир“ зборува. Но сигурно е дека демократијата нема да се повлече, ниту ќе потклекне, како што рече американскиот претседател.

Одговорот на претседателот Бајден беше жесток. Тој, во неговиот говор за состојбата на нацијата (видео), рече дека „ние нема да се повлечеме, нема да потклекнеме“ (видео). Овие зборови одекнаа како грмотевица низ целата планета.

Се разбира, ова не е само надворешнополитички коментар. Доволно е да се сетите на однесувањето на одредени ликови од македонскиот политички théâtre de l’absurde и ќе ви стане јасно зошто.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦИВИЛ
Tags: БајденНАТООрбанСАДТрампУнгарија
Next Post

Најмалку 29 Палестинци загинаа додека чекале испорака на помош во Газа

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk