ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија меѓу ЕУ и Русија, кого да изберат граѓаните на следните избори?

March 20, 2024 15:15
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Актуелната власт, и покрај одредени слабости во некои сегменти од владењето, во најважното, а тоа е геополитичкиот курс, јасно и потврдено е ориентирана кон членство на државата во Европската унија (ЕУ). Таа успешно се постави на страната на евроатланските земји во однос на Руската агресија во Украина, регионалната соработка и компромисното решење на проблемите со соседните земји“, вели во изјава за „Фронтлајн“ Исмет Рамадани од Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија, прашан кој ја води државата во вистинска насока, владеачката СДСМ или опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

– Со членството во НАТО и отварањето на преговорите со ЕУ, актуелната власт ја внесе земјата во најслината, најдемократската и најбогата алијанса во светот. Тоа, значи, јасна и сигурна преспектива на граѓаните во блиска и подалечна иднина. Преговорите со ЕУ даваат реални шанси да се средуваат состојбите во однос на правната држава, економскиот развој, образованието, здравството и сите области според европски стандарди. Актуелната власт останува да се подобри во ефикасноста и посмело да се влезе во реформите кои гарантираат членство во ЕУ до 2023-та година, како зацртана геостратешка цел, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.

Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, според него, продолжува да се однесува изгубена во геополитичката опција, остава впечаток на конспиративност и сомнителен однос кон членството во ЕУ со нејзините алтернативни чекори кон исток, авторитаризмот и крајно десничарски екстремизам.

– Ваквата понуда, која се засилува со некаков лажен патриотизам, национализам кој е ексклузивен кон Албанците, силна пропаганда, која претежно се заснова од лажни вести, проруско влијание и лукративни интереси. Граѓаните со право на глас, ќе бидат бескруполозно бомбардирани со разно-разни ветувања, но верувам дека нема да им биде тешко да ја направат разликата која опција им дава надеж за безбедна и јасна евроатланска преспектива. Се разбира, тоа значи и подобара и спокојна иднина за нив и нивните поколениа. Сегашноста е во тек да ја определува инднината на нашата земја, подвлече Рамадани.

Потпретседателката на СДСМ и министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска во последното телевизиско интервју нагласи дека СДСМ ја води државата по вистинскиот пат кон ЕУ и како што нагласи – нема да се откажеме.

– Тоа што е најважно е граѓаните да го препознаат концептот кој што СДСМ го нуди, а тоа е движење напред кон ЕУ и дека не се откажуваме од тој пат кон ЕУ и кон полноправно членство во ЕУ, пат кој што не е ни најмалку лесен меѓутоа не се откажуваме од тоа да ја видиме државата како ја остварува својата втора стратешка цел, односно после членка на НАТО – да станеме полноправна членка на ЕУ. Јас не само како потпретседателка, туку и како член на СДСМ се држам до идеалите кои што ги нуди СДСМ и затоа учевството на листи не е пресудно за инволвираност во изборниот процес или во ширење и промовирање на изборната програма која што ние како партија ја нудиме, истакна Костадиноивска – Стојчевска.

„Путин сака војна на Балканот“. Ова е насловот на едиториал објавен во престижниот американски „Волстрит журнал“, во кое се детализирани блиските односи меѓу Русија и Србија и влијанието што оваа алијанса го има врз разгорувањето на конфликтите во регионот.

Авторите, Ивана Страднер и Марк Монтгомери, истражувачи во Фондацијата за одбрана на демократиите, оценуваат дека во време кога сите очи се насочени кон Украина, во Европа се појавува уште еден конфликт.

„Загриженоста за нова криза го натера Вашингтон да објави тајни разузнавачки информации за военото распоредување на Србија и нападот врз косовската полиција. Неколку дена подоцна Србија се повлече од границата, но јасно е дека Белград и Москва подготвуваат нова кампања на насилство и провокација за 2024 година. Русија спроведува операции за влијание со провоени пораки во Србија и испраќа оружје. Кина исто така испраќа оружје“.

Дестан Јонузи

Tags: Бисера Костадиноивска – СтојчевскаВМРО-ДПМНЕЕУИсмет РамданиРусијаСДСМ
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: „Стоби“, со над 180 илјади евра неповратни средства од ЕУ, е пример за видливи придобивки од евроинтеграциите

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk