Местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија (ЕУ). Северна Македонија нема друга алтернатива освен да го следи својот геостратешки курс. Само на Русија и пречи проширувањето на ЕУ и поради оваа причина нејзината тенденција да го прошири своето влијание на Балканот е агресивна.
Зошто Северна Македонија во никој случај и под никоја цена не треба да отстапува од својата стратешка определба за евроинтеграции?
– Бидејќи земјите од Западен Балкан се дел од Европа, затоа и иднината треба да ја гледаат како членки на ЕУ. Членството во НАТО на неколку поранешни југословенски републики, но и други балкански држави донесе сигурност во безбедносен аспект. Помошта што ја добиваме од ЕУ и САД се доволен доказ дека сакаат да бидеме дел од друштвото на ЕУ, но не само тоа – да се развиваме и да имаме подобра иднина како држава. Сите треба да работиме интензивно да ги исполниме условите што се потребни за секоја нова членка. Само на Русија и пречи ширењето на ЕУ, заради нејзини геостратешки цели, но Русија не е дека се грижи за судбината на народите тука, напротив максимално ги користи емотивните чуства на помали групи на граѓани да внесе немир и нестабилност, изјави за „Фронтлајн“, Зуди Џелили – поранешен пратеник и поранешен кандидат за претседарел на државата.
Кога може, додава тој, Русија да убива илјадници Украинци, зошто би ги заштитила нејзините приверзаници тука.
– Ќе ги користи само да се жртвуваат за нејзините интереси да повлече внимание од себе, бидејќи се наоѓа во конфликт со целиот свет. Да беше Украина во НАТО и ЕУ денес ќе беа спречени сите катастрофални и трагични дејства што ги презема и ги направи Путин со инвазијата врз Украина. Европа е мирот, стабилноста, безбедноста и развојот за сите држави од Западен Балкан, нагласи Џелили.
Дестан Јонузи