ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска и Маричиќ по повод четиригодишнината од членството во НАТО: Тешките одлуки се вредни за граѓаните и за државата

March 26, 2024 13:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Храброст, посветеност и професионалност, ни овозможија денеска на оваа свечена саедница на владата да одбелжиме четиригодишнина од настанот кој e најголемата инбвестиција во безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашата држава – членстото во НАТО, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена седница на Владата по повод годишнината од членството во НАТО.

-Со еден збор, храбрите државнички одлуки кои ни овозможија на 27 март 2020 да постигнеме една од двете стратешки цели од нашето осамостојување до денес, се инвестиција во идината на нашите граѓани и нашата држава, рече Петровска.

Петровска се осврна на придобивките од членството во НАТО, како што рече, првата клучна придобивка е тоа што со членството во Алијансата никогаш повеќе не може да стане збор дали нашиот суверенитет, интегритет и безбедноста на граѓаните можат да бидат загрозени.

-За една држава, која има нешто повеќе од три децении независност и се наоѓа на Балканот, членството во НАТО значи огромна потврда на нејзината позиција на меѓународен план и голем успех. Безбедноста е на прво место, но безбедноста и стабилноста гарантираат и инвестиции и подобра економска состојба во државата, рече Петровска.

Затоа, додаде министерката, членството во Алијансата беше стратешка цел на држвата од првиот момент на нејзиното осамостојување и треба да бидеме горди што денес е реалност.

-Ние веќе четири години не сме тема на масата како балканска земја на која треба да и се помогне, туку сме еднакви со сите земји-членки и заедно одлучуваме. Северна Македонија од земја на која меѓународата заедница и помагаше да го задржи мирот, сега е земја која активно придонесува за регионалната безбедбност. И не може да стане збор за нарушување на нашата безбедност од било чија страна, бидејќи во тој случај зад себе денес веќе имаме сојуз од 32 држави, заклучи Петровска.

Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека четири години откако сме членка на НАТО, најдобро во пракса се демантира и скептицизмот и резервите и грчот од пред пет години, затоа што денес, како што подвлече, имаме можност да си честитаме и да одбележиме, и да сме горди на Северна Македонија членка на НАТО.

-Денес има околности кои ни укажуваат дека сме донеле вистинска одлука, дека сме биле на вистинската страна. Имаме војна во Украина а ние сме на безбедната линија на границата во Европа. Имаме држави како Финска и Шведска кои со векови се воено неутрални, и кои ја сменија својата надворешна и безбедносна политика на неутралност, за да станат членки на НАТО каде што ние веќе бевме членка и сме членка и имаме ситуација во регионот каде што три од шест држави од Западен Балкан се членки на НАТО, а ние сме меѓу тие три, заедно со Албанија и со Црна Гора, рече Маричиќ.

Тој оцени дека ова денес може да се чини дека ни е дадено, но, потенцира, за тоа сме се избориле тешко, со големи политички жртви.

-Но тоа само не потсетува дека тешките одлуку се навистина вредни за граѓаните и за државата. И дека тешките одлуки што терба да ги донесеме поврзани со членството во ЕУ – да, нас политичарите сигурно ќе не чинат, меѓутоа, бидете сигурни, кога ќе прославуваме годишнина од членството во ЕУ – дека граѓаните ќе ни бидат благодарни – и за тоа што ќе го направиме, и за тоа што сме го направиле, истакна Маричиќ на свечената седница во Владата.

На седницата претходно свои обраќања имаа премиерот на техничката Влада Талат Џафери и министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Tags: ГодишнинаНАТОчленство
Next Post

Инфантино ги осуди хомофобичните скандирања на натпреварот САД – Мексико

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk