Политичките партии веќе ги објавија пратеничките листи за парламентарните избори што ќе се одржаат на 8 мај. За разлика од политичкиот блок на Македонците, кој традиционално се натпреварува во два блока, на изборите на 8 мај, и политичкиот блок на Албаците е поделен на два – „Фронт за Европа“ (ДУИ и коалицијата) и коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
„ТИТАНСКА“ БИТКА МЕЃУ КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИ
Листата на владеачката СДСМ во првата изборна единица ќе ја води лидерот на партијата Димитар Ковачевски, а зад него е Моника Зајкова од ЛДП. Во втората изборна единица, носител е Оливер Спасовски, поранешниот министер за внатрешни работи. Втор е Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и заменик претседател на Владата за економски прашања. Сања Лукаревска, заменик-претседател на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи е носител на пратеничката листа во третата изборна единица. Зад неа е и Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
„Четворката“ ја предводат Венко Филипче, поранешен министер за здравство и поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Во петтата изборна единица, носител е Јован Митрески, претседател на Собранието, а ко-носител е Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседател на СДСМ и министерка за култура. Во шестата изборна единица листата на СДСМ ќе ја ја предводи Славјанка Петровска, министерка за одбрана, а зад неа е Агрон Демири.
Целосните листи со имиња и презимиња на кандидатите на коалицијата предводена од СДСМ по ИЕ
ИЕ 1
1. Димитар Ковачевски
2. Моника Зајкова
3. Даниела Николова
4. Бојан Маричиќ
5. Милена Стевановиќ
6. Маја Морачанин
7. Дарко Каевски
8. Лубица Јанчева
9. Лупчо Фармаковски
10. Андреј Лозановски
11. Сампа Бачевац
12. Ѓоко Трајчевски
13. Наце Насев
14. Елизаета Ничовска
15. Даниела Настова Пистолова
16. Ферис Али
17. Дијана Јованоска
18. Верица Милошевска
19. Маријана Стојановска
20. Гордан Шутаров
ИЕ 2
1. Оливер Спасовски
2. Фатмир Битиќи
3. Шанела Шкријељ
4. Мартин Костовски
5. Марко Михаиловски
6. ОО Гази Баба
7. ОО Шуто Оризари
8. Куманово жена
9. Српска партија
10. Мики Милковски
11. Влатко Чибро
12. Иван Марковски
13. ПОЕН коалиција
14. Розалија Ангеловска
15. Драгана Коцевска
16. Јована Неделковска
17. Данка Шишовска Крстевска
18. Сузе Велковска Радевска
19. ОО Арачиново
20. Маригона Ислами
ИЕ 3
1. Сања Лукаревска
2. Лупчо Николовски
3. Горан Мисовски
4. Благој Бочварски
5. Љупчо Балкоски
6. Душанка Георгиева Трпевска
7. Зоран Арсовски
8. Партија на пензионери
9. Сандра Пијалковска
10. Марија Манасиева
11. Драган Маневски
12. Славица Фурнаџиска
13. Николе Билјана Ефтимова
14. Борче Стојчевски
15. Мухамед Кадриов
16. Катерина Ковачевска
17. Мак.Каменица
18. Далибор Атанасов
19. Ивана Ѓорѓиевска
20. Јана Јовановска
ИЕ 4
1. Венко Филипче
2. Јована Тренчевска
3. Миле Талевски
4. Соња Мираковска
5. Борче Цветков
6. Даниела Колева
7. ОО Ѓевѓели
8. Лолита Ристова
9. ПЛД Ѓевѓели
10. Симона Цветановски
11. Теодора Каракашева
12. Трајче Милков
13. Кети Стеванинџија
14. Јулија Иванова
15. Антонио Мицакоски
16. Наумче Смилевски
17. Кристина Танчева
18. Серхан Нанушев
19. Павле Вогев
20. Илија Зероски
ИЕ 5
1. Јован Митрески
2. Бисера Костадиновска
3. Митко Трајчулески
4. Боби Мојсоски
5. Енес Ибрахим
6. Жаклина Лазаревска
7. Билјана Гошаревска
8. Методија Илиевски
9. Хари Мухарем
10. Катерина Миноска
11. Аднан Џафероски
12. Александар Попоски
13. Јасмина Алексиоска
14. Илче Тренчевски
15. Стефан Радиноски
16. Ивана Ставреска
17. Омер Муратоски
18. Мишела Спироска
19. Садаим Азизоски
20. Верица Јанеска
ИЕ 6
1. Славјанка Петроска
2. Агрон Демири
3. Ема Нешковска
4. Андријана Томовка
5. Даниел Антоски
6. Гоце Андриевски
7. Каролина Максимовска
8. Наташа Стојчевска
9. Војче Исакоски
10. Вукосава Ангелкоска
11. Игор Вељановски
12. Филип Петрушевски
13. Оливер Блажевски
14. Дарко Богатиноски
15. Андријана Аврамоска
16. Даниел Јовановски
17. Радица Андоновска
18. Ангела Блажевска
19. Венеса Дуческа Василеска
За опозициската ВМРО ДПМНЕ листата во првата изборна единица ќе ја предводи лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а на втората позиција е потпретседателката на партијата, Гордана Кочовска-Димитриевска. Во изборната единица „два“ ќе биде уште еден партиски потпретседател Владо Мисајловски. Втора на листата ќе биде актуелната пратеничка Жаклина Пешевска.
Во „тројката“ листата ќе ја предводи пратеникот Драган Ковачки, а грб ќе му чува актуелниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Во изборната единица четири, носител ќе биде и другиот потпретседател на партијата Александар Николоски, додека на втора позиција е актуелниот пратеник и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, ќе ја предводи листата во „петката“ каде следна е актуелната пратеничка Олга Лозановска. Пратеничката од актуелниот состав на Собранието, Дафина Стојаноска, е носителка во шестата изборна единица. На втората позиција, пак, е уште еден актуелен пратеник, Александар Велјановски.
Целосните листи со имиња и презимиња на кандидатите на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ по ИЕ
ИЕ 1
1. Христијан Мицкоски
2. Гордана Кочовска Димитриевска
3. Коалиција
4. Синиша Стојановски
5. Бети Стаменковска
6. Тони Јаревски
7. Иван Живковски
8. Љупчо Пренџов
9. Марија Митева
10. Иванка Василевска
11. Коалиција
12. Велика Стојкова Серафимовска
13. Сергеј Попов
14. Јане Мицески
15. Бисера Златеска
16. Катерина Димитровска
17. Игор Никовски
18. Мартин Стојановски
19. Александра Николовска
20. Тодор Коневски
ИЕ 2
1. Владо Мисајловски
2. Жаклина Пешевска
3. Коалиција
4. Бобан Николовски
5. Бојан Стојановски
6. Каролина Насковска
7. Зоран Коцевски
8. Бране Петрушевски
9. Дијана Илиевска
10. Емилија Ангелова
11. Коалиција
12. Ерџан Демири
13. Весна Додевска
14. Зоран Бајовски
15. Ивица Димковски
16. Дени Милевски
17. Габи Калкова
18. Никола Стојковски
19. Мартина Ристовска
20. Валентина Петровска
ИЕ 3
1. Драган Ковачки
2. Никола Мицевски
3. Рашела Мизрахи
4. Игор Здравковски
5. Коалиција
6. Благица Ласовска
7. Миле Лефков
8. Даниела Христова
9. Марија Петрушевска
10. Душко Иванов
11. Александар Јамалов
12. Драгана Бојковска
13. Емил Спасовски
14. Драгана Арсова
15. Столе Кракутовски
16. Љупчо Спиров
17. Гордана Барбашка
18. Јорданчо Костадинов
19. Мартин Ефремовски
20. Анкица Анакиева
ИЕ 4
1. Александар Николоски
2. Антонијо Милошоски
3. Ели Панова
4. Дејан Проданоски
5. Зоран Јованчев
6. Ангелинка Петкова
7. Петар Ристески
8. Златко Пенков
9. Моника Ристеска
10. Јулија Тушева
11. Жан Дрвошанов
12. Петар Марков
13. Билјана Кузмановска
14. Весна Ѓорѓиева
15. Мито Андонов
16. Јадранка Поцкова
17. Наталија Димитриева
18. Гоце Дединец
19. Сашо Граороски
20. Никола Златески
ИЕ5
1. Ѓорѓија Сајкоски
2. Олга Лозановска
3. Сашо Донев
4. Пеце Милевски
5. Јован Јаулески
6. Лидија Петковска
7. Мевмед Џафери
8. Кире Божиновски
9. Силвана Ангелевска
10. Грација Бакрачевска
11. Лазе Јакимовски
12. Ѓорѓи Влајкиновски
13. Благица Крстеска
14. Никола Дранговски
15. Леон Мерсовски
16. Менче Марковска Андреева
17. Билјана Стефановска
18. Жанета Петреска
19. Мартин Иваноски
20. Ѓорѓи Шопоски
ИЕ 6
1. Дафина Стојаноска
2. Александар Велјановски
3. Валентина Марчевска
4. Коалиција
5. Верица Апостоловска
6. Ванчо Милевски
7. Алишериф Синани
8. Анета Ќироска
9. Анита Бошкоска Јованоска
10. Мишо Маринковски
11. Бране Стојчевски
12. Верица Тофиловска
13. Ивана Савеска
14. Даниела Апостоловска
15. Деан Трпески
16. Марина Петровска
17. Горан Зафировски
18. Тања Сибиновска
19. Лилјана Спиревска
20. Александра Спироска
ДУИ СО ЛИСТИ НА КАНДИДАТИ ВО СИТЕ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ, ВЛЕН ВО ЧЕТИРИ
Во политичкиот Блок на Албанците, Демократската унија за интеграција (ДУИ) – носител на коалицијата „Фронт за Европа“ (ДПА, ЕДП, ПОПУЛИ, ДПТ, Унија на Ромите…) во правата ИЕ ќе се натпреварува со сегашниот градоначалник на општина Сарај и поранешен министер за правда Блерим Беџети, а втор по него ќе биде докторот Илир Хасани. На втората ИЕ носител на листе ќе биде Садула Дураку – поранешен министер и градоначалник на општина Липково, а зад него ќе биде Скендер Реџепи Зејд од партијата Попули (Народото). Во третата ИЕ боите на коалицијата „Фронт за Европа“ ќе ги брани Сулејман Баки, а зад него ќе биде кадар на ДУИ. Листата на коалицијата во четвртата ИЕ ќе ја води Демократската партија на турците (ДПТ). Во 5-та ИЕ носител на листата ќе биде претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, а по него на листат се Муса Џафери и актуелната пратеничка на ДУИ, Арбана Пашоли. Во 6-та ИЕ листата на „Фронтот за Европа“ ќе ја предводи претседателот на ДУИ, Али Ахмети, зад него ќе биде премиерот Талат Џафери, а трета Илире Даути од Алијанса за Албанци, па претеседалот на ДПА, Мендух Тачи.
Опозицискиот блок на партиите на Албанците во рамките на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ), во правата ИЕ ќе трча со претседателот на Демократскот Движење – Изет Меџити, во втората со првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, а во шестата ИЕ со претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Носител во петтата ИЕ коалицијата ВЛЕН се очекува, иако се уште не е дефиниран да настапи со поранешните пратеници Сурија Рашиди и Гариб Каба.
Од помалите парламентарни партии, носител во изборната единица 1 на партијата Левица е Димитар Апасиев. Во изборната единица 2 е Амар Мециновиќ. Носител во изборната единица 3 е Борислав Крмов. Во изборната единица 4 е Сашко Јанчев. Јована Мојсоска е носителка во изборната единица 5. Носител во изборната единица 6 е Игор Димески.
И од движењето ЗНАМ излегоа со носителите по изборни единици. Во шестата ИЕ носител ќе биде Небојша Захариевски. Носител во „петката“ ќе биде Бендевска, а листата на кандидати за пратениците на Движењето во четвртата изборна единица ќе ја предводи Миле Цеков. Носител на листата во изборната единица број три ќе биде Павле Арсовски. Даниел Стојчевски ќе биде носител на листата во втората изборна единица. Во изборната единица број еден листата на ЗНАМ ќе ја предводи Бобан Карапејовски.
Државата е поделена на шест изборни единици и од секоја од нив во Собранието влегуваат по 20 пратеници – која партија колку мандати ќе добие во секоја изборна единица се пресметува според т.н. Донтов модел. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Дестан Јонузи