ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Избори за европска или неизвесна и неевропска иднина, за демократија или автократизација?!

April 3, 2024 11:50
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Престојните претеседателски и парламентарни избори се историски во однос на геостратешкото патување на државата“, вели во изјава за „Фронтлајн“, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

– Не се историски во смисла на внатрешното уредување и некаква засилена борба против корупцијата, туку се историски во однос на геостратешкото патување на државата. На ниедни досегашни избори не сме биле пред еден толку голем предизвик, во која насока и опција ќе ни ја придвижат државата претендентите за победа на овие избори. Едната опција предводена од СДСМ и двете коалиции на партиите на Албанците, коалицијата на ДУИ со турските, ромските и бошњачките партии, јасно се определени да продолжи патот на државата кон членство во ЕУ како втора стратешка цел, одкога веќе сме членка на НАТО. Другата опција, предводена од ВМРО ДПМНЕ, како и Левица, ЗНАМ, ГРОМ и некои други маргинални партии, или ја комплицираат европската опција на државата или јасно и гласно се против, анализира Рамадани за „Фронтлајн“.

И универзитетската професорка Ана Чупеска смета дека двојните избори, претседателските и парламентарните се со историска важност за државата и нејзината иднина.

– Пред нас се избори за европска или неизвесна и неевропска иднина, избори за демократија или автоктратизација. Во земјава оперираат структури чиј интерес е Македонија да се одврати од евроатланскиот курс. Оттука опцијата за намерата да се менува геостратешкиот пат на државата не се исклучува како опција, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.

Но, додава нашата соговорничка, верувам дека граѓаните се свесни за окооностите и состојбите, и дека нема да се изберат неизвесност и анти-европска иднина.

Според политичкиот аналитичар Исмет Рамадани граѓаните и граѓанките, најдени пред еден ваков предизвик ќе одлучат со нивниот, како што рече тој, историски глас, по кој геостратешки пат ќе се движи државата.

– Многу е важно кога сме пред одлуката која детерминира стратешка и геополитичка опција на државата, токму на овие избори, да не бидеме индуктирани од тие кои се под влијание на руската пропаганда да ни наметнат опасна и непредвидлива иднина. Да не дозволиме поради неискрените и лукративни намери на поединци и групации да ја утнеме евроатланската опција на државата. Треба да ни биде јасно, и покрај ранливите политички компромиси низ одот кон членство во НАТО и Е, ќе заздравиме ако на овие избори со нашиот глас ја поддржиме вистинската опција, а тоа е членство во ЕУ, без никакво комплицирање со додатни скриени намери, а кои добро читливи, нагалси Рамадани.

Од прогласувањето на независноста на државата во земјава се одржаа десет парламентарни избори, додека граѓаните по седми пат на претстојните претседателски избори ќе излезат да гласаат за претседател на државата.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг е на 8 мај заедно со парламентарните. Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април и ќе трае до 22 април, кога почнува и молкот што трае до 24 април. Кампањата за парламентарните избори ќе започне на 18 април и ќе трае до 6 мај.

Дестан Јонузи

Tags: Ана ЧупескаЕУизбориИсмет Рамадани
Next Post

Комеморација за Мирко Попов во петок во Филхармонија

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk