ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

April 10, 2024 14:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов
Share on FacebookShare on Twitter

– Вчера на емисија на национален медиум Драган Павловиќ Латас го поздрави насилството врз мене. Денеска Г. Москов бара да ми се запамети лицето од страна на ЕБР, пишува во објава на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу.

– Ако утре нешто ми се случи на мене, одговорите треба да ги барате кај Љупчо Москов и Драган Павловиќ Латас како и кај Министерот Тошковски, нагласува Салиу.

„Љупчо Москов, познат за внатрешната контрола при МВР. Вработен во МВР, а според информациите од наши извори откако е дојден техничкиот министер поставен е на повисока функција. Со скриншот на група каде што има над 7300 членови, припадници на полицијата, вклучително и припадници на ЕБР директно повикува на насилство. Бара од полицајците да ми се памти лицето и да не ми се заборави. Ме прикажува мене како непријател на полицијата, имплицира дека сум нечиј платеник и дека работам против државата. Замислете, полицаец кој што треба да не заштитува повикува на насилство, си тера политика а па обични смртници вработени во МВР не смеат да објават слика со членови од потесното семејство“, пишува Салиу.

Скриншот објавен од Салиу

Тој апелира до припадниците на специјалната едница ЕБР да не дозволат да бидат манипулирани

„Драги припадници на ЕБР, не знам колку пати во овие 9 години вие сте ме спасиле од ситуации во кои што ми бил загрозен и животот. Вие ме спасивте на 27 април. Ме спасивте и во Лојане и многу други ситуации каде што ни помогнавте. Не дозволувајте да ве манипулираат. Не сте вие против граѓаните. Вие сте граѓаните Не сме ние новинарите против вас, туку сме против некој што од некоја канцеларија ве користи за да се богати полесно на ваш и на наш грб. ЕБР е мултиетничка единица и таа е сликата која што најдобро го опишува нашето општество. Припадниците на ЕБР не сносат никаква вина што во некои оперативци во канцеларии не пресметале добро што би можело да се случи на терен“, вели Салиу.

Новинарот Салиу вели дека за ова е информиран и неговиот адвокат.

„Ова насилство, ова безредија во најава не само што никој не го спречува туку со пасивноста се поттикнува.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ! НАРОДОТ, ПОЛИТИЧАРИТЕ, ПОЛИЦИЈАТА ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ЖИВЕАТ И ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ!“, пишува во објавата Фуркан Салиу.

Принтскрин од бруталното апсење на новинарот Салиу: Не можам да дишам!

Новинарот и основач на ПорталХ, Фуркан Салиу на 7 април беше уапсен во брутална акција на специјалната полициска единица.

Настанот се случил во село Коњаре, по фудбалскиот натпревар Коњаре – ФК Куманово во Третата лига на земјава, објави Portalx.

Салиу, вечерта во објава на фејсбук страницата од порталот ПорталиХ, пиша дека е задржан во полицисака станица. Тој рече дека не нападнал полициски службеник што можело да се види од снимки кои биле избришани во полициската станица. Доцна вечерта е пуштен на слобода. На рацете имаше траги од лисиците и мали повреди од чинот на апсењето, пишува Мета.мк.

Следеа бурни реакции по бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу: ЦИВИЛ, ЗНМ, Маричиќ, Таравари, Битиќи, СДСМ…

Салиу беше приведен, како што изјавија од МВР, за напад на службено лице, а оттаму изјавија и дека во неговиот автомобил бил пронајден пиштол.

Тој негира дека нападнал полициски службеник и смета дека е уапсен затоа што снимал како полицијата почнала да тепа недолжно момче на фудбалски натпревар, на кој настанал тотален хаос, а според него, МВР имало лоша координација. Салиу додаде дека поседува дозвола за пиштолот, кој е пронајден расклопен во неговиот автомобил при полициски претрес по инцидентот, во негово отсуство.

ПорталХ вчера објави нова видео снимка од апсењето на новинарот фуркан Салиу, каде што се слуша како Салиу при апсењето вика: НЕ МОЖАМ ДА ДИШАМ!.

„Како беше уапсен новинарот на ПорталХ? Како пробаа да ги избришат материјалите и да го одземат телефонот? Како Министерот за внатрешни работи ги оправдува постапките на полицијата?“, пишува во објавата од ПорталХ.

Принтскрин од видеото ан ПорталХ

На трети април новинарот Фуркан Салиу приложи во јавноста документ за план на ВМРО-ДПМНЕ за креирање лажни вести и наместени ТВ емисии.

„Во пресрет на претседателските и парламентарните избори оваа пролет, ВМРО ДПМНЕ ги запали своите пропагандни мотори. Се чини дека шемата е слична на она што сме навикнати да ја гледаме, а и јавниот сервис МРТВ е дел од неа“, пишува ПорталХ.

ПорталиХ наведува дека го поседува документот подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ, потпишан од Луке Галевски, Марија Андоновска, Ивица Грамбозов и Зоран Ставревски.

Новинарот Фуркан Салиу објави видео во кое приложи документ, како што наведува, од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предизборната пропагандистичката машинерија на Груевски во рацете на Мицкоски. ПорталиХ дојде до изборниот оперативниот план на ВмроДпмне“, пишува во најавата на видеото објавено на Фејсбук на ПорталХ.

Првиот дел како што се наведува е насловен: Македонската радиотелевизија во служба на партијата.

Според Салиу, за помалку од два месеци од Оперативниот план, оваа „точка“ на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се реализирала токму на Јавниот сервис МРТВ преку емисијата „Објектив“.

„Планот предвидува дека дел од емисијата ќе бидат 3 опозициски аналитичари и еден поддржувач на власта. Во него се објавуваат анкети од Институтот ИПИС на Владимир Божиновски, додека планот предвидува Божиновски да биде „награден“ од општините со кои раководи ВМРО ДПМНЕ“, пишува ПортаХ.

ВМРО ДПМНЕ излезе со демант.

„Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Ј. Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЛатасТошковскиФуркан Салиу

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk