ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Дерала: Дел граѓански организации од земјава кои се платени од ЕУ и од други фондови во западните демократски земји всушност шират класична руска пропаганда

April 15, 2024 10:53
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Цивил само од почетокот на оваа година има регистрирано и архивирано повеќе од 3.000 различни облици на злоупотреба на јавната комуникација преку социјалните мрежи и медиумите, вклучително и мејнстрим медиумите, телевизиите и националниот сервис, рече претседателот на ЦИВИЛ – Џабир Дерала во интервју на „Слободен Печат“.

Тој истакна дека се забележуваат низа сериозни прекршувања: говор на омраза, дезинформации, лажни наративи, националистички пропагандни и антизападни наративи.

„Кога велам антизападни тоа се оние наративи кои се спротивни од македонските национални интереси и македонската државна ориентација. Се работи за наративи кои всушност и пречат на Македонија да оди понатаму во евроатланските интеграции“, рече Дерала.

Исто така, нагласи Дерала, се бележи и еден многу силен бран од руска пропаганда која доаѓа или директно преку медиумите и социјалните мрежи, меѓутоа и преку други ентитети: верски заедници, граѓански организации, па дури и бизнисот.

„Тие канали се отворени и преку политичките партии и други политички групи. и граѓански иницијативи кои под превезот на „човекови права“, или некаква гордост или некакви национални или идентитетски прашања тие всушност служат како антени, односно канали за антизападна проруска пропаганда. Тие доаѓаат и преку прокси канали. Србија е еден од тие канали преку кој има бранови на пропагандни наративи кои доаѓаат од Москва“, истакна Дерала.

Тој рече дека „ЦИВИЛ буквално секој ден го следи тоа и имаме извештаи на дневна, неделна и месечна основа и тоа го соопштуваме секогаш кога имаме цврсто верификувани податоци и факти“.

Дерала потенцира дека дел на граѓански организации влегуваат во валканата игра на руска пропаганда која е опасна и може да ги загрози нашите национални интереси и безбедноста на земјава.

„Многу е интересно што бележиме дека одредени политички партии, преку медиумите, социјалните мрежи а од неодамна и преку граѓански „тинк-тенк“ организации, излегуваат со негирање на тоа дека постои било какво руско влијание во земјата. И тоа да не беше драматично за развојот на настаните во оваа кревка реалност во која се наоѓаме, тоа ќе беше гротескно и смешно. Меѓутоа очигледно е дека одредени граѓански организации кои се платени од запад, од ЕУ, од други фондови во западните демократски земји всушност шират класична руска пропаганда и им служат на партиските интереси на одредени партии. Тоа е она „Ѓаволот, првата работа што ја прави е да ве убеди дека не постои“. Токму тоа се случува во овој дел. За жал дел граѓански организации влегуваат во оваа валкана игра која е опасна и може да ги загрози националните интереси и безбедноста и стабилноста на земјава.

Ј. Ѓ.

Tags: граѓански организациируска пропагнадаЏабир Дерала
Next Post
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

За реалистичните „знаци покрај патот“

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk