ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Европскиот Парламент го повикува политичкото раководство во ЕУ и земјите-членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање

April 26, 2024 16:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По неодамнешните откритија за обиди поддржани од Кремљ  за вмешување и поткопување на  се европските демократски процеси, европратениците во четвртокот усвоија резолуција со која цврсто ги осудуваат таквите напори. Секоја таква тактика, мора да има последици, порачуваат од ЕП.

Парламентот е згрозен од веродостојните тврдења дека некои европратеници биле платени да шират руска пропаганда и дека неколкумина учествувале во активностите на прорускиот медиум „Гласот на Европа“, во исто време со илегалната агресивна војна на Русија против Украина.

„Парламентот е згрозен од веродостојните наводи дека некои европратеници биле платени да шират руска пропаганда и дека неколкумина учествувале во активностите на прорускиот медиум „Гласот на Европа“, истовремено со илегалната воена агресија на Русија против Украина“, се истакнува во соопштението на Европскиот парламент.

Европратениците бараат од лидерите на ЕУ и земјите-членки да се справат со напорите за мешање на Русија, не само во институциите на ЕУ, туку и низ целата Унија. Според европратениците, овој проблем е итен, имајќи ги предвид претстојните европски избори од 6 до 9 јуни 2024 година.

„Во врска со сомнителните случаи на руско мешање од цела Европа, вклучително и Бугарија, Германија и Словачка, европратениците се загрижени поради неодамнешното испрашување на водечкиот европратеник на Алтернатива за Германија (AfD) Максимилијан Кра од страна на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) поради сомневање дека примил пари од агентите на Кремљ, како со апсењето во Германија на 23 април 2024 година на неговиот парламентарен асистент под обвинение дека е кинески шпион. Парламентот ја повикува АфД без одлагање јавно да ги објави своите финансиски односи, особено со Кремљ, и јавно да ја открие целта и точниот износ на сите плаќања кои потекнуваат од извори поврзани со Кремљ“,  се вели меѓу другото во соопштението.

Додека Русија останува главен извор на странско влијание и дезинформации во ЕУ, европратениците велат дека и други земји се активни во такви операции. Тие истакнуваат дека одговорот на овој проблем може да биде ефикасен само ако „се заснова на вкрстен, холистички и долгорочен пристап на политики спроведени заеднички и од ЕУ, и од земјите-членки“.

Дополнително, резолуцијата предлага зајакнување на внатрешната безбедносна култура, темелни внатрешни истраги, спроведување на рамката за внатрешни санкции, задолжителна безбедносна обука за европратениците и вработените и засилен скрининг на персоналот.

Европарламентарците го повикаа Советот на ЕУ да ги вклучи медиумите поддржани од Кремљ и други организации и поединци одговорни за дезинформациски кампањи во ЕУ во 14тиот пакет санкции за Русија и ги повикуваат земјите членки да забранат пристап на медиумот „Гласот на Европа“ во нивниот етер.

Резолуцијата е  усвоена со 429 гласа „за“, 27 „против“ и 48 воздржани.

Tags: Европски парламентЕУруско мешање
Next Post

Протести во Тирана: Според албанските медиуми, приведени се најмалку три лица

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk