ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Господар(к)ите на здравјето од инсулинската аптека

April 26, 2024 14:34
in PMD, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, КОМЕНТАРИ
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Вкупниот број на евидентирани случаи на лицата со дијабетес, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во државата е 135.690, а само во 2022 година во Македонија биле новодијагностицирани 7.460. Дел од нив што успеале да влезат во квотата според која, покрај инсулинот, ќе примаат и од новиот лек Рибелсус, кој по долго чекање конечно беше одобрен за користење во Македонија, сега имаат уште една причина за загриженост- барем 7 пати во годината, кога во месеците со 31 ден, тој, 31-от ден ќе останат без терапијата.

За новововедената терапија со лекот Рибелсус, кој во пакување од 30 таблети, треба да е доволен за еден месец, но само доколку месецот има 30 дена, системско решение за подигање на месечната доза дозволува лекот да се подигне најрано 1 ден пред датумот од подигање за минатиот месец, што доведува до тоа лицето корисник на оваа терапија, следната да ја земе или во последен момент- во 5 до 12, или воопшто да не ја земе тој ден.

Дополнително, доколку од низа други причини (гласање на избори, на пример) последниот ден пред подигање на терапијата се прогласи за неработен, тогаш, господар(к)ите на здравјето од инсулинските аптеки го поместуваат за наредниот ден, никако за претходниот, што би било најлогично и во корелација со здравјето на пациентот. Дури и ќе те убедуваат дека нема шанси да сте останале без терапија, и дека можеби сте ја изгубиле таблетата, очигледно не можејќи самите да избројат дека, на пример, од 25 март до 26 април има 31 ден, еден ден повеќе од пакувањето Рибелсус. Па дури и кога ќе им го предочите тоа, тие цврсто се држат на зацртаниот датум (од нив самите) правдајќи се дека така им наложиле од Министерството, А за бирократските одредби, нели, не се дискутира, тие се догма, за нив мора да се држат како слеп за стап, па од таму им иде платичката, регресот…пациентот – .дијабетичар е колатерална штета, па кој го терал да има дијабетес.

А доколку пробате да поставите новинарско прашање до Министерството за здравство, на нивната веб страница нема да најдете маил адреса, предходниот маил кој сте го користеле за контакт не е во функција, а на телефонските броеви никој не се јавува, па така читателите се ускратени за објаснување од најрелевантниот извор во случајов.

Луѓето со дијабетес се поранливи на стрес. Во оваа категорија, контролата на шеќерот во крвта е веќе проблематична, а зголеменото ниво на кортизол како резултат на стресот доведува до Кушингов синдром. Тоа е предизвикано од продолжено изложување на кортизол и се манифестира со специфично зголемување на телесната тежина (масни наслаги на лицето, вратот, околу половината), проблеми со кожата (стануваат потенки, малку се појавуваат модринки, стрии, рани се потешко се лекува), ментални нарушувања, хормонални нарушувања, остеопороза и мускулни проблеми.

Во случај на дијабетичари, стресот исто така може да го забрза појавувањето на кардиоваскуларни компликации како резултат на висок крвен притисок, но и на системски компликации како резултат на висок шеќер во крвта.

Ова особено би требало да го знаат медицинските лица кои работат со овие категории пациенти, вклучително и вработените во инсулинските аптеки.

Но, се чини дека Хипократовата заклетва се изгубила некаде на пола пат помеѓу комфорот од редовната (државна) плата и останатите поволности и тендерската документација според која за Министерството за здравство, кој и да раководи со него во даден момент, здравјето и животот на лицата со дијабетес се само игра (на тендери).

Tags: дијабетесинсулинрибелсус
Next Post

Маричиќ-Герасимов: Заедничката цел за влез во ЕУ е дополнителна причина за зацврстување на сојузништвото помеѓу Скопје и Кишињев

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk