ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Филип Конески: Скопје е град каде брутализмот има најимпозантни остварувања и како таков треба да го препознаеме и запишеме во градителското наследство

May 5, 2024 16:22
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Желбата за враќање на некое изгубено време, истражувањето низ остатоците од колективнитеи личните сеќавања, врежаните слики кои оживуваат во фантазијата со тажен крик дека нештата коишто биле добри, завршиле, се нарекува носталгија, иако неретко не е само тоа. Тоа е често копнеж или вресок по нешто што во меѓувреме се уништило, изумрело, без идеја да се сочува како трајна вредност, или без цел да се претвори во подобро, поинакво, ама со ист квалитет.

Во последно време, во овој контекст, се зборува и за брутализмот како еден навистина фасцинантен период во архитектурата, а кој е толку присутен во Скопје (и во светот, се разбира), што денес навистина боли неговото отсуство.

Архитектот Филип Конески во изјава за Фронтлајн истакнува дека Скопје е град каде овој стил има најимпозантни остварувања и како таков треба да го препознаеме и запишеме во градителското наследство во кое македонските архитекти дале голем придонес

„Брутализмот како стил се развива во 50-тите години на 20. век, период по Втората светска војна што го става во контекст на желбата за трајна обнова. Тоа е и период кога модерната претставува преголем контраст на еклектичните стилови, од декорирани кон целосно чисти фасади, период на преразмислување. Потребата од нови трајни вредности, но и инспирацијата конструктивниот материјал да се претопи во искрена архитектура со поголема физичка издржливост и отпорност на оштетувања создава архитектонски скулптури, со мисла на футуризам.

Во локалниот контекст, брутализмот исто се појавува по големиот катастрофален земјотрес во Скопје, што е исто време на голема обнова. Пркосењето на рушливоста на старите системи на изградба, напредокот на инженерството и повторно идејата да се изгради нешто кое нема да биде лесно, да падне под природните појави или воените дејствија, отвора пат за домашниот бетонски белег на новите градски и државни институции. Значајноста е уште поголема од аспект на локалниот стил кој го следи светскиот тек на мислата со силни инспиративни маркери во традиционалната архитектура, што пак, создава една доцна модерна македонска архитектура. Скопје е град каде овој стил има најимпозантни остварувања и како таков треба да го препознаеме и запишеме во градителското наследство, во кое македонските архитекти дале голем придонес“, заклучува Конески.

Изјавата на Филип Конески е дел од текстот со наслов: „Игнорирањето на брутализмот во Скопје, боли до срж“.

Т. Иванова

Поврзано:

Игнорирањето на брутализмот во Скопје, боли до срж

Tags: БрутализамСкопјеФилип Конески
Next Post

Потерниците по Зеленски, Пављук и Порошенко се дел од руската информативната операција Мајдан 3

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk