ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ризаов: Актуелизацијата и доведување во прашање на Преспанскиот договор е лудост

May 14, 2024 12:32
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот и публицист Ерол Ризаов, коментираќи го однесувањето на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, која за време на свечената изјава во Собранието не го користеше уставното име на државата, по што следеа реакции од Грција и ЕУ, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека претседателката уште е под инерција на предизборната кампања, па „цврсто“ стои и продолжува како на своите настапи без да го употреби името Северна Македонија, а ќе го почитува уставот.

– Не знам колку ќе трае таа идила со премиерот и владата но мислам според глорификацијата на Мицкоски до месијанство и избавител на Македонија од страна на Силјановска дека претседателката многу бргу ќе се соочи со опомените кои ќе стасаат од Владата и премиерот да се држи до своите уставни овластувања. Се разбира доколку има вистина во промената на ставот во врска со евроатланските интеграции на Македонија кој наеднаш по изборите станаа главен приоритет на идниот премиер и ВМРО ДПМНЕ. Зборуваат за некаква козметика од подобри решенија ама тоа е само подготовка да се донесат уставните измени и да продолжат преговорите со ЕУ. Мора да има малку шминка оти ќе биде многу разочарувачки за граѓаните да се донесат истите одлуки поради кои беше блокирано продолжувањето на преговорите со ЕУ. Мислам дека тоа ќе се случи. Ќе се донесат уставните измени и Бугарите ќе влезат во Уставот без некои промени на тоа што веќе е прифатено, изјави Ризаов.

Тоа, додава, нашиот соговорник, е најоптимистичката и најдобрата варијанта кога уште може вината да се префрла на претходната влада. Лошата и многу опасна и крајно штетна варијанта би била – и натаму да продолжат со лажниот патриотизам и да се јуначат со поставување услови кои минуваат кај нас како некое херојство кое во суштина значи кукавичлук и вистинско предавство на националните и државните интереси.

– Актуелизацијата и доведување во прашање на Преспанскиот договор кој е ратификуван во Собранието на Македонија е лудост. Иако има сериозни предзнаци на такви симптоми сепак мислам дека брзо ќе стаса спасоносна висока доза на терапија која нема да го доведе во прашање членството во НАТО, па и во ЕУ. Проблемот на Мицкоски ќе биде како тоа да го прикаже како голем успех. Е па веќе навести дека вестите мора да почнуваат со успеси. Ајде да го видиме и тоа чудо како блокадите на членството во ЕУ стануваат успеси, подвлече Ризаов.

Д. Ј.

Tags: Ерол РизаовЕУСилјановска Давкова
Next Post

Екипирани работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен" за преговорите за новата влада

Shortcut

Најново

Илустрација: Укринформ

Украина ја менува динамиката на војната: Нервоза во Русија – масовното производство на дронови го запира руското напредување

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

May 29, 2026

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk