ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче поднесе кандидатура за претседател: Од денес започнува реформата во СДСМ

June 5, 2024 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е убав ден за демократијата бидејќи СДСМ е единствената партија во која членовите непосредно избираат претседател, наспроти делегатскиот систем, и поради тоа што овој ден означува почеток на реформа во партијата.

Ова го изјави Венко Филипче кој денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Изборите во СДСМ се закажани за 30 јуни.

Како што истакна, Филипче во трката за претседател влегува сам бидејќи смета дека доколку биде избран тимот треба да биде формиран по завршување на внатрепартиските избори.

„Во моментов немам преговори со никого. Го слушнав повикот да се потпишат некакви изјави, но јас сметам дека не треба да има никакви ограничувања и сметам дека секој што ќе биде избран за претседател треба да го прави тимот понатака без разлика дали некој од нив учествувал во изборната трка или не. Тоа го чувствувам како поделеност уште на самиот почеток на процесот што и е најмалку потребно на партијата во овој период“, рече Филипче.

Тој уште еднаш повтори дека ќе ги повика неговите сопартијци, противкандидати на средба.

„Сметам дека треба да имаме фер плеј и тоа ќе го предложам на сите кандидати на средба на којашто ќе ги договориме сите детали поврзани со оваа претседателска трка за на крајот на оваа трка кој и да победи сите да излеземе заедно посилни. Поделби во овој период најмалку му се потребни на СДСМ“, рече Филипче.

Филипче потенцира дека во трката за претседател влегува посветено, професионално и ќе ги вложи целата своја енергија и знаење за реформирање на партијата. Програмата со која ќе се обиде да ја добие поддршката од членството, како што истакна, се темели токму на сугестиите, размислувањата и на барањата добиени од терен.

„Програмата се темели на информации сугестии, барања што ги слушнав од наши членови на честите средби што ги имав изминатиот период. Тие јасно укажаа што сметаат дека треба да се промени во партијата и сите тие мислења ќе бидат вклучени во програмата“, рече Филипче и упати порака до членството и поддржувачите дека ќе биде постојано достапен, дека ќе работи напорно и дека резултатите од неговата и работата на неговиот тим ќе бидат видливи многу брзо.

Tags: СДСМФилипче
Next Post

Кој губи а кој добива со реорганизацијата на министерствата во новата Влада?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk