ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опозицијата и граѓанскиот сектор остро против „реформскиот“ закон на Мицкоски за државната управа

June 10, 2024 13:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) со кој се отвори пат кон трансформација на ресорите во идната Влада која наместо досегашните 16 ќе има 20 министерства, остро се спротивстави граѓанскиот сектор и опозицискта СДСМ.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира за затворениот и неконсултатитвен процес со засегнатите страни по измената и дополнувањето на Законот за организација на работата на органите на државна управа.

– Формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција. Укажуваме дека ова влијае негативно врз соработката и довербата на граѓанското општество со креаторите на јавните политики, велат од Платформата во писмената реакција.

Реорганизацијата на државната управа е исклучително важен процес кој, како што потенцираат од Платформата, мора да почива врз принципите на транспарентност, вклученост и претходна подготовка на граѓаните за системските промени што се иницираат.

Жестоки критики и на сметка на законот и на процедурата за носење на законот имаше од опозициската СДСМ. За опозицијата реорганизацијата на Владата и воведувањето на четири нови министерства е дополнителен трошок и отвора пат кон нови партиски вработувања што според нив е единствената цел на владејачкото мнозинство.

Претседателот на СДСМ во заминување и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски изјави дека предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беше намалување на бројот на министерствата.

– Се прави површно и паушално. Ваков сложен, системски закон кој треба да се носи во редовна постапка, со анализи, со проценка на ефектите, од финансиски и кадровски аспект, сега се носи по скратена постапка, без соодветните анализи за што реагираа и невладини организации и без буџетски импликации, рече Ковачевски.

Според него законот не допира неколку важни прашања кои се однесуваат на оваа сфера.

– Организацискиот систем, што овој закон не ги третира институциите формирани со посебни закони, не го олеснува буџетирањето туку напротив, го прави посложено со нови 4 министерства. Не се унапредуваат линиите на отчетност, нема критериуми, а наместо да се намали се зголемува бројот на државната управа. Не се опфатени функциите на вклучените министерствата и нивна рационализација. Воопшто не се водело ниту сметка за поставеноста на Европска унија, затоа што вака нема да ја олесни работата со европските институции. Значи нема да се постигнат основните цели со еден ваков закон, вели Ковачевски.

Измените предвидуваат на Министерството за економија да се додаде сегментот труд, а досегашното Министерството за труд и социјална политика ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади. Министерство за спорт ќе ја наследи Агенцијата за млади и спорт, а дел од надлежностите на Министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на ново Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Ингеренциите за туризмот ќе ги има ново Министерството за култура и туризам, ќе се формира Министерство за дигитализација кое ќе го наследи досегашното Министерство за информатичка технологија и администрација и ќе се формира Министерство за администрација.

Со овој број на министерства, Северна Македонија станува земја со најмногу министерства во регионот. Словенија, која е многу поразвиена земја од нас, има 16, Хрватска има 11 министерства, додека Албанија има 16 министерства.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕЗОРОДУНВОСДСМ
Next Post

Промоција на дијалозите за вештачката интелигенција „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Дерала и Нешовски, утревечер во рок бар „Гарсон“

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk