Премиерот Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук, каде изрази осуда за обидот за атентат на Трамп, прво напиша „како претседател на Владата на Република Македонија“, па по две минути го избриша „Република Македонија“ и го остави само „претседател на Владата“.
Ако се погледне историјата на измени (Edit History) на објавите на Фејсбук („Мета“ тоа го дозволува на корисниците за да имаат увид во евентуалните измени на авторите на објавите), се забележува дека премиерот на нашата земја Мицкоски на неговиот официјален профил на Фексбук, прво напиша „Владата на Република Македонија“, па го избриша „Република Македонија“ и го остави само „претседател на Владата“.
„Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп.
Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.
Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ“, пишува во објавата која остана до овој момент.
Ј. Ѓ.